Контакт

Црна хроника

На Бит-пазар запленети 13.500 парчиња пиротехника

Објавено пред

На подрачјето на Бит-пазар припадници на одделот за криминалистичка полиција попладнево го уапсиле 27-годишниот И.К. од скопско Студеничани.

Како што информираат од МВР, кај него биле пронајдени 13.525 парчиња пиротехнички средства.

Против 27-годишникот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Црна хроника

Приведен криминалец баран со потерница

Објавено пред

Триесет и тригодишен скопјанец баран со потерница е приведен заради издржување казна затвор.

„Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи  -Оддел за криминалистички работи Кисела Вода, го приведоа А.С.(33) од Скопје осуден на казна затвор во времетраење од 2 години и 6 месеци.

Лицето ќе биде предадено на казнено поправна установа“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Побаран притвор заради трговија со дрога

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43-годишен скопјанец, поради неовластено производство и продажба на дрога.

„Осомничениот на 21 јануари 2021 година, околу 17:15 часот, во патничко возило „шкода фабиа“ кое тој го управувал кај ул. Јадранска магистрала, односно на паркинг-просторот позади ресторан ‘Капри“, неовластено заради продажба држел 19.980 грама наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи“, наведе обвинителството.

Јавниот обвинител кој постапува во предметот, по донесување на наредбата за спроведување истражна постапка, во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.​

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Обвинение за единаесет лица за шверцување мигранти

Објавено пред

По спроведената истражна постапка, Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје достави обвинение против 11 лица за шверцување мигранти.

Во периодот од декември 2019 година до октомври 2020 година со умисла и од користољубие обвинетите М. С. (49) и неговиот син С. С. (23), заедно со обвинетиот А. М. (47) и А. А., кој е недостапен на органите на прогонот, организирале група за вршење кривично дело шверцување мигранти.

Припадници на групата станале обвинетите Б. Ј. (23), М. М. (21), Д. С. (29), Т. М. (36), Ф. А. (26) и Д. Љ. (50), кои ги прифаќале и превезувале мигрантите, како и Т. К.-Ц.  (53) и Ј. К. (23), кои остварувале чести контакти со обвинетите М. С. и С. С. во врска со извршување на кривичното дело шверцување мигранти.

Воедно, автосервисот, во кој бил вработен обвинетиот Ј. К., бил користен за сервисирање на моторните возила со кои организираната група ги шверцувала мигрантите.

Групата за меѓусебна комуникација користела телефонски апликации на мобилни телефонски броеви од македонски и грчки мобилни оператори преку кои го договарале пренесувањето на мигрантите од Грција во Македонија.

Дејствата ги извршувале преку илегалните премини на т.н. зелена граница во околината на Гевгелија и Дојран, каде што мигрантите од претходно утврдени и договорени локации со возила ги превезувале до претходно извидени и договорени локации во Кумановско-липковскиот Регион. Таму илегалните мигранти во организација на обвинетиот А. М. биле прифаќани, засолнувани и привремено сместувани во објекти на неидентификувани лица, соработници и помагачи на организираната група, а потоа шверцувани преку територијата на  Србија кон државите на ЕУ.

Поради начинот и мотивот на извршување на кривичното дело, особено околноста што ова кривично дело има меѓународен елемент во извршувањето и поврзаност на извршители од повеќе земји, Обвинителството достави и посебен предлог со кој се предлага продолжување на мерката притвор за обвинетите М. С., С. С., М. М., Д. С., Д. Љ. и А. М. и мерката куќен притвор за Т. К.-Ц., Ј. К., Т. М. и Ф. А. За обвинетиот Б. Ј. мерката притвор за кривичното дело шверцување мигранти е претходно определена.​

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 часа

(Видео) Џонсон со предупредување: Новиот вид коронавирус посмртоносен од претходниот

Британскиот премиер Борис Џонсон вечерва предупреди дека според најновите податоци новиот вид на Ковид-19 може да биде посмртоносен од другите...

Регион9 часа

Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија. Како што се наведува...

Свет9 часа

Уште една компанија ја намалува испораката на вакцина за ЕУ

Компанијата „Астра зенека“ соопшти дека почетните испораки на вакцината против коронавирус за земјите на ЕУ ќе бидат помали од предвиденото....

Македонија11 час

Нови 307 заболени и 14 починати од коронавирус во Македонија

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.854 тестирања, а регистрирани се 307 нови случаи на...

Свет11 час

Илјада луѓе во Шведска примиле вакцина што се транспортирала на прениска температура

Околу илјада луѓе во Шведска примиле вакцина на „Модерна“ која се чувала на погрешна температура за време на транспортот, објави...

Економија13 часа

Повеќето од службениците вработени по Рамковниот ќе бидат прераспределени во МВР и УЈП

Првиот вицепремиер Артан Груби соопшти дека 1.349 службеници вработени по Охридскиот рамковен договор до крајот на јануари ќе почнат со...

Европа14 часа

ЕК бара објаснување од „Фајзер“ за доцнењето на вакцините

Европската комисија ќе побара објаснување од американската компанија „Фајзер“ за причините поради кои повторно се одложува испораката на вакцини против...

Македонија15 часа

Обвинителството незадоволно од условната казна за поранешниот советник на Чулев

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција е незадоволно од условната казна за Зоран Ѓорѓевски, кој беше вработен...

Македонија16 часа

Филипче: Спремни сме да ги примиме вакцините од Србија

Министерот за здравство, Венко Филипче, пред денешниот разговор за вакцините од Србија вели дека не постојат пречки ковид-вакцините да пристигнат...

Топ17 часа

(Видео) Пресечен меѓународен канал за дрога, запленети 40 килограми марихуана

Одделот за криминалистичка полиција, Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, заедно со Одделот за специјални полициски...

Македонија17 часа

Општина Центар додели 400.000 денари помош за Петриња и Сисак

Советот на Општина Центар додели парична помош во висина од 400.000 денари на градовите Петриња и Сисак во Хрватска. „По...

Македонија17 часа

Заев и Спасовски земаат највисоки плати во Владата

Премиерот Зоран Заев зема највисока плата од 87.813 денари, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, е втор на списокот...

Македонија17 часа

Царовска на средба со МАНУ: Реформите во образованието се неопходни ако сакаме подобри резултати

Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и членовите на работната група денес ги продолжуваат дебатите за предложените...

Регион18 часа

Мира Фурлан починала од западнонилска треска

Познатата актерка Мира Фурлан починала од вирусот на западнонилската треска, пишуваат хрватските медиуми. Актерката неколку месеци се борела со болеста...

Европа18 часа

Урсула фон дер Лаен: ЕУ ќе мора што побргу да обезбеди вакцини за Западен Балкан

Европската Унија со посебен механизам ќе обезбеди вакцини против коронавирусот за Западен Балкан што е можно побргу, рече претседателката на...

Свет19 часа

Уапсени двајца соработници на Навални затоа што повикувале на протести

Русија уапси двајца соработници на затворениот критичар на Кремљ, Алексеј Навални, и се закани дека ќе ги тужи другите поради...

Европа19 часа

ЕУ воведува темноцрвени зони на епидемиолошката карта на Европа

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, најави воведување нова ознака на епидемиолошката карта на Европа, темноцрвена зона, од...

Свет20 часа

Бајден бара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје со Русија

Претседателот на САД, Џо Бајден, ќе побара петгодишно продолжување на договорот за контрола на нуклеарното оружје „Нов СТАРТ“ со Русија,...

Свет1 ден

(Видео) Бајден: Ќе ги поместиме небото и земјата за да вакцинираме што е можно повеќе луѓе

Новиот американски претседател Џо Бајден ѝ се обрати на американската јавност по повод презентацијата на планот за борба против пандемијата...

Европа1 ден

Холандија воведува полициски час, луѓето веќе смислуваат начини како да го избегнат

Предлогот на холандската влада да воведе полициски час, прв по Втората светска војна, помина во парламентот, пренесува АФП. #BREAKING Dutch...

Досие