Црна хроника
(Видео) Автомобил со поголема брзина влета во зона со пешаци на скопскиот плоштад
На социјалните мрежи се прошири снимка на која се гледа како автомобил марка „бентли“ со поголема брзина минува низ украсената зона на плоштадот „Македонија“ во Скопје, во делот каде што во овој претпразничен период обично се собираат многу посетители и деца.
Станува збор за „светлосниот тунел“ на скопскиот плоштад, поставен во пресрет на новогодишните празници, што е едно од местата каде што пулсира празничната атмосфера, со многу граѓани кои прават фотографии во негова близина.
Видеото снимено во вечерен период покажува како автомобилот се приближува до тунелот, при што луѓето собрани околу новогодишната декорација панично се тргаат настрана, а потоа возилото забрзувајќи преминува на другиот крај.
Од МВР велат дека случајот е пријавен кај нив и работат на негово расчистување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.