Контакт

Црна хроника

Обвинение за 20-годишен дилер од Скопје

Објавено пред

Скопското Обвинителство поднесе обвинение против едно лице на возраст од 20 години, кое го товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.

Дрогата кај обвинетиот била пронајдена на 23 февруари при претрес на неговиот дом во Арачиново. Наркотичната дрога марихуана спакувана во едно поголемо пакување облепено со селотејп, со нето-маса од 1.007,8 грама, обвинетиот ја држел заради продажба скриена во плакар во подрумска просторија.

Поради опасност обвинетиот да се крие или да се даде во бегство, но и можност да го повтори делото, надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје со обвинението достави и посебен предлог за продолжување на определената мерка притвор за обвинетиот.​

Црна хроника

Уапсени петмина тетовци за грабеж – кај двајца пронајдена дрога и оружје

Објавено пред

Петмина тетовци, меѓу кои и 17-годишник, вчера биле уапсени поради разбојништво кое го извршиле на 9 август во стан на ул. Маршал Тито во Тетово над 47-годишната С.Б. и нејзината ќерка.

Вчера, исто така, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во куќата на двајца од приведените, при што била пронајдена марихуана, гасен пиштол, два боеви и три куршуми за гасен пиштол и два метални пендреци.

Сите пет лица се задржани во Полициската станица Тетово и во текот на денот, со соодветен поднесок, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Тетово.

Прикажи повеќе...

Топ

Маж загина по пад од покрив

Објавено пред

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел оџакот.

Тој вчера утрото бил итно донесен во Клиничката болница Штип со тешки телесни повреди, но по укажаната помош починал.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите откако паднал од покривот при чистење оџак.

Увид на местото извршила увидна екипа од Полициска станица Пробиштип, а по наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Поведена истрага за недозволено поседување хероин

Објавено пред

Основното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело неовластено производство и продажба на дроги.

Имено, 39-годишната осомничена во домот во кој престојувала на улица Никола Тесла во Скопје неовластено заради продажба држела наркотична дрога хероин со вкупна нето-маса од 22,68 грама, спакувана во повеќе различни пакувања. Дрогата била пронајдена на 22 септември, при претрес на нејзиниот дом.

Надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор, ценејќи дека постојат околности кои што укажуваат на опасност од бегство на оомничената и можност таа да го повтори кривичното дело.​​

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна за Сеад Кочан за предметот „Труст“

Врховниот суд ја потврди 4,8-годишната казна на Сеад Кочан за случајот „Труст“, која од Апелација му ја намали од изречените...

Македонија1 час

Пред Oпштина Центар немаше насилство, рече адвокатот на Трајковски, кој за споредба пушташе снимки од шарената револуција

На денешното рочиште за предметот „Насилство во Центар“ завршни зборови даде Александар Трајковски, кој е обвинет дека е директен извршител...

Македонија2 часа

Царовска на средба со наставниците: Важно е наставата да почне и покрај сите предизвици

Министерката за образование и наука, Мила Царовска, и заменик-министерот Арафат Шабани со градоначалникот на Кисела Вода, Филип Темелковски, и претседателот...

Култура3 часа

Со „Хомо“ на Игор Иванов-Изи вечерва завршува филмскиот фестивал „Синдејес“

Филмот „Хомо“, во режија на Игор Иванов-Изи, вечерва ќе го затвори 19-тото издание на фестивалот за европски филм „Синедејс“, по што...

Регион4 часа

Земјотреси во Албанија и во Грција

Во Албанија утрово е регистриран земјотрес со јчина од 4,3 степени според Рихеривата скала, а земјотрес од 4,1 степен ја...

Топ4 часа

Маж загина по пад од покрив

Педесет и шестгодишен маж од село Злетово почина во болница, откако претходно паднал од покривот на куќата додека го чистел...

Македонија4 часа

Николоски: Заев нема да ме замолчи да зборувам за „Рекет“, денес ме тужеше, а не дојде на суд

Денес најмоќниот човек во државата, премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, ме тужи за клевета, изјави потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар...

Македонија4 часа

Фетаи ја ослободи Рангелова во „Насилство во Центар“

По три и пол години судења, обвинителката Фатиме Фетаи го повлече обвинението против експратеничката Даниела Рангелова, но и против Борче...

Македонија6 часа

Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ одложено за во октомври

Судењето за случајот познат во јавноста како „Меѓународен сојуз“ се одложува за во октомври. Како што соопшти кривичниот суд, главната...

Европа6 часа

Грците осудија двајца Руси на по 300 години затвор

Двајца Руси се осудени во Грција на по 300 години затвор за нелегален транспорт на мигранти, изјави потпретседателот на Комитетот...

Македонија7 часа

Комплетиран владиниот кабинет, избрани 16 заменик-министри

На предлог на претседателот на Владата, Зоран Заев, Собранието ги именуваше заменик-министри во Владата. Башким Хасани е избран за заменик...

Европа7 часа

Британската полиција заплени еден тон кокаин вреден 128 милиони долари

Британската полиција заплени речиси еден тон кокаин скриен во гајби со овошје од Јужна Америка и уапси двајца мажи. Вредноста...

Свет7 часа

Фаучи: Нормален живот на крајот на наредната година

Во Италија расте бројот на заразени со Ковид-19, па во последните 24 часа откриени се 1.670 нови случаи на инфекција,...

Свет17 часа

Уапсен германски лекар кој снимил силување на пациентка

Уапсен е болнички лекар од евангелистичката клиника „Бетел“ во Билефелд под сомнение дека им давал седативи на жени што доаѓале...

Македонија18 часа

(Видео) Мицкоски: Бараме да предложиме независен јавен обвинител за борба против мафијата

„Правдата во Македонија е нападната. Селективната правда денеска во Македонија е неправда. Имаме невини луѓе во затвори, луѓе што страдаат...

Свет19 часа

Нов Зеланд укина поголем дел од рестрикциите против пандемијата

Маските за лице повеќе не се задолжителни во поголем дел од Нов Зеланд бидејќи случаите на Ковид-19 продолжуваат да опаѓаат....

Свет21 час

(Видео) Евакуирана Ајфеловата кула поради закана за бомба

Ајфеловата кула во Париз е евакуирана поради телефонски повик дека е поставена бомба, а целата област околу обележјето е блокирана....

Свет21 час

Хајко Мас во карантин

Германскиот министер за надворешни работи, Хајко Мас, од денеска е во карантин по утврдувањето дека еден од неговите телохранители има...

Македонија21 час

Владата даде согласност – во 169 училишта може да има настава со физичко присуство

Владата на својата 5. седница, одржана на 22 септември, го усвои и извештајот за работата на Комисијата за разгледување поднесени...

Македонија22 часа

(Видео) Пендаровски: Овој вител на кризи и закани генерира страв, потребна е солидарност меѓу државите

„Чест ми што имам можност првпат да се обратам од името на Република Северна Македонија на овој глобален форум, кој...

Досие