Контакт

Топ

Обид за убиство на паркинг во Кочани, убиецот му влегол во автомобилот и почнал да го боде со нож

Објавено пред

Обвинителството гони 24-годишник поради сомнеж за обид за убиство што се случило пред два дена, на 13 септември.

Според информациите од Обвинителството, осомничениот се договорил со жртвата да се најдат на паркинг простор кај Споменикот на слободата во Кочани за да се договорат околу продажба на мобилен телефон.

Кога се сретнале, велат од Обвинителството, 24-годишникот влегол во возилото на жртвата, седнал на совозачкото место и почнал да разговара со него и да го разгледува мобилниот телефон.

„По кратко време, од џебот извадил нож и му задал удар во витален дел од телото во пределот на главата и вратот под брадата, нанесувајќи му отворена рана од околу 2-3 см. Ножот се скршил, а осомничениот продолжил со дршката уште неколку пати да го удира оштетениот. Нападнатиот му ја фатил раката и го спречил, по што осомничениот се извлекол од возилото и со трчање побегнал од местото на настанот“, вели Обвинителството за случајот.

Поради опасност од бегство, можност да влијае врз сведоците и да ја попречува кривичната постапка, но и реална закана да го повтори или да го доврши обиденото кривично дело, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кочани поднесе предлог за определување мерка притвор. Судот ја прифати основаноста на предлогот и на осомничениот му определи притвор во траење од 30 дена.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ

Манијак во парк во Ѓорче Петров: Уапсен 86-годишен старец кој нападнал малолетничка

Објавено пред

Од

Полицијата уапси 86-годишен старец кој нападнал малолетничка во парк во Ѓорче Петров.

Според информациите на МВР, вчера во 13:00 часот во Скопје, полициски службеници го уапсија 86-годишниот Д.Т. од Скопје.

Претходно во полиција било пријадено дека околу 11:15 часот во парк на подрачјето на Ѓорче Петров се однесувал непристојно кон 15-годишна малолетничка и барал да го допира по телото.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, велат од МВР.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче бара извинување од Мицкоски

Објавено пред

Од

Време е оваа организирана група на Христијан Мицкоски и ВМРО да им се извини на граѓаните за годините лаги и токсични поделби во општеството. Време е да престанат со театарот и да ја продолжат политиката на европска иднина. Доколку не сакаат, а не сакаат поради нивните бизниси, нека си заминат, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче.

Тој јавно го повика Мицкоски да им се извини на граѓаните.

„Јавно го повикувам Христијан Мицкоски, носителот на оваа измислена лажна кампања, да излезе и да им се извини на сите граѓани на Македонија. Барам извинување за изгубените години, за сите навреди што ги претрпеа оние што го поддржуваа Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, за оние што веруваа во Европската Унија, за многумина кои поради евроскептицизмот и оваа лажна кампања ја напуштија земјата и се иселија. Барам од Христијан Мицкоски да излезе и да се извини во свое име и во името на неговата партија. Кога умееше да клечи и да моли за да дојде на власт, може и сега да излезе и да се извини за лагите и пропагандата што ја спроведуваше години наназад“, рече Филипче.

Тој упати порака до поддржувачите на ВМРО-ДПМНЕ дека Мицкоски ги лажел со години наназад.

„Порака до сите кои гласаа за ВМРО затоа што поверуваа во оваа лажна кампања и манипулација на Христијан: драги сограѓани, ве лажеа со години наназад. Со многу силна пропаганда што ви се сервираше секојдневно преку целата медиумска и партиска машинерија. Орбановите медиуми, фармата на тролови увезена од сестринската СНС партија од Србија и платформите со ботови. Немојте да се грижите. Ништо не е продадено, ништо не е загрозено.Но сега, истите тие, истата група што го правеше ова со години, се обидува да го спречи нашиот европски пат. Зошто? За да ги сочуваат своите позиции, за да продолжат да го ограбуваат народот и да продолжат со криминалот и корупцијата. Тие не ја сакаат Европа, затоа што Европа носи независни институции, носи независно судство, носи европско обвинителство“, рече Филипче.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Покрај хартиените, учениците од прво до трето одделение првпат ќе добијат и дигитални свидетелства

Објавено пред

Од

Покрај хартиените свидетелства, на крајот од тековната учебна година, учениците од прво до трето одделение за првпат ќе добијат и дигитални свидетелства.

„Оваа учебна година започнуваме со етапно воведување на дигиталните свидетелства. Тие ќе имаат идентична важност како и хартиените кои постепено ќе се заменуваат, што ќе значи олеснување на административната работа на училиштата, намалување на трошоците за печатење и онлајн достапност на документот во секое време. Продолжуваме да ја дигитализираме образовната сфера. Задоволна сум од интензитетот на овој процес, затоа што речиси сите постапки за остварување на права и услуги се поедноставени и се реализираат по електронски пат. Преостанува уште уписот во високо образование, а со воведувањето на дигиталните свидетелства, се отвара можност за остварување и на оваа цел“, изјави министерката Весна Јаневска за време на денешната посета на Македонски Телеком.

Македонски Телеком донираше електронски потписи за сите 368 основни училишта во земјава со што ќе се овозможи поедноставна, побрза и поефикасна реализација на процесот на издавање дигитални свидетелства.

„Со обезбедувањето електронски потписи за сите основни училишта, придонесуваме кон побрза, поедноставна и поефикасна дигитализација на образованието и остануваме силен партнер на институциите во создавање модерни услуги за младите генерации“, изјави Горан Марковиќ, главен извршен директор на Македонски Телеком.

Од МОН наведуваат дека со воведувањето на дигиталните свидетелства, учениците и нивните семејства ќе имаат полесен и побрз пристап до документите, додека училиштата ќе добијат поефикасен административен процес и трајна електронска архива.

Секое дигитално свидетелство останува во трајна електронска архива и по потреба и на барање на ученик или неговото семејство, може да биде отпечатено од страна на училиштето. Во следните години, дигиталните свидетелства постепено ќе се воведуваат и за учениците од повисоките одделенија.

 

фото/Depositphotos

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 минути

Уапсени 10 возачи, петмина возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување...

Македонија25 минути

Велковски во посета на Центарот за социјална работа во Велес: Помошта да стигне до оние на кои им е најпотребна

Заменик – министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски, денес оствари работна посета на Центарот за социјална работа...

Македонија28 минути

ВМРО-ДПМНЕ: Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони

Сведоштва имаме од обвинители и судии дека Заев, Шеќеринска и Спасовски биле тие кои кажувале кој ќе се гони, а...

Спорт35 минути

Синер го победи Рубљов и го сруши рекордот на Ѓоковиќ

Италијанскиот тенисер Јаник Синер го победи Андреј Рубљов во четвртфиналето на Мастерсот во Рим и ја забележа својата 32-ра победа...

Економија50 минути

Божиновска на Energy Transition Summit во Атина: Посветени сме на заложбите за кредибилен партнер во Европската енергетска интеграција

Посветени сме да бидеме конструктивен регионален партнер, кредибилен учесник во европската енергетска интеграција, земја која придонесува за постабилна, побезбедна и...

Македонија51 минута

(Видео) Огњеновиќ: Настап на Дејвид Гета чини најмалку еден милион евра, Владата не го откри хонорарот

Најавата на Владата дека познатиот француски ди-џеј Дејдид Гета ќе настапи во Скопје во рамки на прославата за 35 години...

Свет1 час

Иран: Се договоривме со Кина за Ормускиот теснец

Иран почна да дозволува одредени кинески бродови да минуваат низ Ормускиот теснец откако постигна договор за правилата на Иран за...

Македонија2 часа

Стефковски: Безбедноста во училиштата во Општина Гази Баба е на високо ниво

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, соопшти дека денеска се одржа седница на Локалниот совет за превенција во проширен...

Македонија2 часа

Македонија е опасно место за живеење за жените, новиот фемицид во Битола е уште еден аларм за институциите, велат од Мрежата за заштита од дискриминација

Граѓанските организации, најостро го осудуваат новиот фемицид што утринава се случи во Битола, каде 31-годишна жена беше убиена од нејзиниот...