Црна хроника
Овчар загина од удар на гром во Светиниколско
Овчар загинал од удар на гром во селото Дорфулија во Свети Николе.
Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера околу 20 часот. Во полиција било пријавено дека на местото наречено Дорфулиски Ливади, Т. Ш. (46) од село Дорфулија, додека напасувал стадо овци, го удрило гром и починал на местото.
Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Свети Николе.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Мотоциклист излета од патот и тешко се повреди
Вчера во 13:30 часот во полициската станица Пробиштип било пријавено дека околу 13 часот во близина на фабрика во Пробиштип, Г.Ѓ.(57) од село Другово, кичевско, управувајќи мотоцикл изгубил контрола и излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Медицинскиот центар Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Рачна бомба најдена во туристичката населба Отешево
Вчера во 9 часот во полициската станица Ресен, Б.Ѓ. од Ресен пријавил дека на крабрежјето во туристичката населба Отешево, ресенско, пронашол една рачна бомба-кашикара, три артилерски чаури 60 мм и две исправни запалки мм, кои потекнувале од Првата светска војна.
Од страна на пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување истите се подигнати за понатамошна постапка.
Топ
Фатени бегалци барани со потерница за тешки кражби
Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06 часот во Скопје, на територија на општина Кисела Вода, го лишија од слобода Ф.П. (31) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од две години, за сторено кривично дело „тешка кражба“, соопшти МВР.
Исто така, денеска (08.09.2024) полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје околу 06.50 часот во Скопје, на територија на општина Гази Баба, го лишија од слобода В.Д. (33) од Скопје, кој бил баран по централна потерница од МВР по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за затворска казна од една година, за сторено кривично дело „тешка кражба“.
Како што додава МВР, лицата ќе бидат предадени на надлежната казнено поправна установа.