Црна хроника
Ограбен таксист во Шуто Оризари
Изутринава во 5.30 часот во СВР Скопје, К.Ц. пријавил дека околу 4.30 часот во населбата Шуто Оризари, додека управувал такси возило, три лица со физичка сила му одзеле пари, мобилен телефон и таблет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена граната од Првата светска војна во битолско село
На 28 февруари 2026 година во 09:40 часот во СВР Битола, П.С. од село Добромири, битолско, пријавил дека во дворното место пронашол стара граната.
По пријавата, на местото излегол пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување, кој безбедно ја подигнал гранатата. При извршената проверка било утврдено дека станува збор за минофрлачка граната од 75 милиметри, која потекнува од Првата светска војна.
Надлежните апелираат до граѓаните доколку пронајдат сомнителни експлозивни направи веднаш да ги пријават во полиција и да не ги допираат.
Црна хроника
Тешко повреден 17-годишен мотоциклист во сообраќајка во Битола
На 28 февруари 2026 година во 14:42 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата меѓу улиците „Македонски Гемиџии“ и „Индустриска“ во Битола се случила сообраќајна несреќа меѓу товарно возило мерцедес со битолски регистарски ознаки и мотоцикл лонгиа, исто така со битолски ознаки.
Товарното возило го управувал З.В. (42) од Битола, додека мотоциклот го управувал 17-годишник од Битола.
Во несреќата мотоциклистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.
Увид на местото на настанот извршила увидна екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Приведен велешанец осомничен за две тешки кражби
На 1 март 2026 година во 06:15 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода А.Р. (35) од Велес, поради основи на сомнение дека на две различни локации во градот извршил кривично дело „тешка кражба“.
Според информациите од полицијата, одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците.
Осомничениот бил приведен во полициска станица, за случајот бил известен јавен обвинител, а по целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

