Контакт

Топ

Од удар од гром загина 25-годишно момче

Објавено пред

Дваесет и петгодишно момче од тетовското село Долно Палиште синоќа загина од удар од гром додека напасувало стадо овци.

„Вчера (18 јули), во 19.25 часот, во СВР Тетово било пријавено дека во месноста Карабунар, атар на тетовски Урвич, бил пронајден починат 25-годишниот Е. О. од тетовско Долно Палиште, кој бил усмртен од удар на гром“, информираа од полицијата.

Смрт констатирал лекар од судска медицина, увид извршиле екипа од СВР Тетово и јавен обвинител по чија наредба телото му е предадено на семејството.

Од удар на гром вчера беа повредени неколку лица на охридската плажа „Оревче“.

Свет

ЕУ досега донираше само три проценти од ветените вакцини, поголемиот дел се од „Астразенека“

Објавено пред

Членките на Европската унија досега донираа само мал дел од вишокот вакцини против ковид-19 на сиромашните земји, претежно „Астразенека“.

Документите покажуваат дека се донирани помалку од три проценти од 160 милиони дози што Унијата планира да ги сподели за да помогне во запирање на глобалната пандемија. Европската унија вети дека ќе помогне во вакцинирањето на најранливите луѓе ширум светот, но, како и другите богати земји, досега се фокусираше на купување дози на вакцини за сопствените граѓани, придонесувајќи за недостиг на вакцини во други земји, пренесува „Ројтерс“.

Членките на ЕУ имаат вкупно 365 милиони возрасни граѓани и досега добиле околу 500 милиони дози, а до крајот на септември годинава се очекуваат милијарда дози.

Сепак, до 13 јули ЕУ донираше помалку од четири милиони дози, според внатрешниот документ изготвен од Европската комисија.

Прикажи повеќе...

Европа

Француски професор: Враќањето во нормала можеби ќе биде дури во 2023 година

Објавено пред

Враќањето во нормалa поради пандемијата на коронавирус може да се очекува во 2022 година, но дури и во 2023, изјави професорот Жан-Франсоа Делфрејзи, кој е стручен советник на француската влада.

Делфрејзи за телевизијата БФМ исто така изјави дека Франција може да достигне бројка од 50.000 новозоразени дневно во почетокот на август.

Тој во четвртокот прогнозираше и дека четвртиот бран на коронавирус може да ги погоди француските болници во втората половина на август.

Прикажи повеќе...

Топ

Запленета марихуана вредна речиси 150.000 евра, уапсени двајца поранешни вработени во МВР

Објавено пред

Полицијата заплени марихуана вредна околу 150.000 евра. Дрогата од Албанија преку Македонија требало да стигне во Грција, а организатор на криминалната група инволвирана во меѓународниот транспорт на марихуана е М.А. (50) од Гевгелија. Во врска со случајот уапсени се и двајца поранешни вработени во МВР.

Според информациите на МВР, вчера И.К. (37) од Гевгелија, З.Б. (52) од с. Грчиште, Валандово и Д.С. (27) од с. Марвинци со возило „опел вектра“ со гевгелиски таблички се упатиле кон село Јанковец-Ресен, каде оствариле средба со Д.Д. (38) од село Ливата, Струга, кој пристигнал со друго возило „опел вектра“ со ресенски таблички, а со кое Д.Д. ја донел и претходно обезбедената марихуана.

Тоа возило било преземено од Д.С. и тој се упатил од Јанковец во правец на Градско, а И.К. и З.Б. со возилото со гевгелиски таблички се движеле пред него во улога на чистачи.

Околу 16:35 часот двете возила се запрени од полициски службеници, а во возилото што го управувал Д.С., во багажниот простор биле пронајдени три торби со 54 пакувања марихуана, која според првичните проценки има пазарна вредност од околу 150.000 евра. Сите лица се приведени.

Извршени се и повеќе претреси на подрачје на Гевгелија, Валандово и Струга каде се приведени М.А. и Д.Д., инаку поранешни вработени во МВР. За време на претресите пронајдени се голем број на мобилни телефони со СИМ картички, додека кај И. К. пронајдени се и одземени и две ловечки пушки, пиштол и муниција за наведените оружја кои лицето ги поседувал без дозволи.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 минута

ЕУ досега донираше само три проценти од ветените вакцини, поголемиот дел се од „Астразенека“

Членките на Европската унија досега донираа само мал дел од вишокот вакцини против ковид-19 на сиромашните земји, претежно „Астразенека“. Документите...

Европа1 час

Француски професор: Враќањето во нормала можеби ќе биде дури во 2023 година

Враќањето во нормалa поради пандемијата на коронавирус може да се очекува во 2022 година, но дури и во 2023, изјави...

Топ2 часа

Запленета марихуана вредна речиси 150.000 евра, уапсени двајца поранешни вработени во МВР

Полицијата заплени марихуана вредна околу 150.000 евра. Дрогата од Албанија преку Македонија требало да стигне во Грција, а организатор на...

Македонија2 часа

Пендаровски ќе ги одликува Стефановски, Хаџиманов, Несими и Мукаетов со Орден за заслуги

Претседателот Стево Пендаровски ќе ги одликува Горан Стефановски, Зафир Хаџиманов и Ремзи Несими, постхумно, и Живко Мукаетов со Орден за...

Македонија12 часа

Бојан Јовановски спроведен во „Идризово“ за да ја издржува казната од девет години затвор

Осудениот во случајот „Рекет“, Бојан Јовановски, попладнево од домашен притвор бил спроведен во затворот „Идризово“ на издржување на затворската казна...

Топ14 часа

Стрелиште во Гази Баба нелегално продавало муниција, кај негови клиенти пронајдени 300 куршуми

Секторот за оружје при МВР извршил контрола во цивилно стрелиште во Гази Баба, за кое е утврдено дека вршело неовластена...

Македонија17 часа

Заев: СДСМ и ДУИ заедно ќе настапат на локалните избори

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, попладнево преку социјалните мрежи потврди дека со лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се договориле СДСМ...

Македонија20 часа

Антикорупциската бара градоначалникот Мерко да одговара кривично за финансиски малверзации

Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, треба кривично да одговара за финансиски злоупотреби во Општината, оцени Државната комисија за спречување на...

Топ23 часа

Загина 21-годишно момче, со камион паднало во Вардар

Момче на 21-годишна возраст загина кога товарното возило што го управувал паднало во Вардар. Возилото е сопственост на фирма од Куманово. Момчето...

Топ24 часа

Ресенец испраќал пораки дека има бомби на повеќе локации во Охрид

Четириесет и шестгодишен ресенец е осомничен дека испраќал пораки во кои лажел дека на неколку локации во Охрид има поставено...

Македонија1 ден

Заев: Пописот нема да влијае врз правата на граѓаните од етничките малцинства

Во интервјуто за емисијата „Конфликт зоун“ премиерот Зоран Заев зборуваше за исходот од претстојниот попис за кој изрази уверување дека...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Сѐ уште ги истражуваме сите легални начини како Груевски да биде вратен во земјата

Северна Македонија и понатаму ги истражува сите легални начини како поранешниот премиер Груевски да биде вратен назад со цел да...

Регион1 ден

(Видео) Протести против вакцинацијата во Грција, полицијата употреби солзавец и водни топови

Грчката полиција употреби солзавец и водни топови во Атина за да ја растера толпата што протестира против вакцинацијата против коронавирусот....

Македонија2 дена

Мицкоски: Резолуцијата да биде прифатена од сите партии без изговори и условувања

Резолуцијата да биде прифатена од сите политички партии, без условувања, барање изговори, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на...

Топ2 дена

(Видео) Момче натепа девојка во Куманово

Mлад дечко со шутирање натепа девојка во Куманово, а снимките попладнево беа објавени на социјалните мрежи. Подоцна дечкото беше нападнат...

Македонија2 дена

Камчев повторно однесен на Клиниката за кардиологија, се пожалил на гушење и силна главоболка

Јордан Камчев денеска пред своите адвокати повторно се пожалил на влошена здравствена состојба. Неговиот правен тим соопшти дека синоќа Камчев...

Свет2 дена

(Видео) Поплави во Кина по силниот дожд, расте бројот на жртви

Поплавената метростаница и населби, но и ослабената брана по обилните дождови, невидени во 60 години, предизвикаа смрт кај најмалку 25...

Македонија2 дена

Османи: Има можности за решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оцени дека постојат сериозни можности за решение на спорот со Бугарија до крајот на...

Македонија2 дена

Регистрирани 15 нови случаи на Ковид-19

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.550 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на...

Македонија2 дена

Апелација ги потврди пресудите – за Катица Јанева седум, за Бојан Јовановски девет години затвор

Апелациониот суд Скопје ги потврди првостепените пресуди во случајот „Рекет“, со кои поранешната шефица на специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева,...

Досие