Црна хроника
Опожарен автомобил на јавен обвинител, работел на два сензитивни случаја

Во текот на ноќта засега непознати сторители опожарија автомобил на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
„Интензивно се преземаат дејства за откривање на сторителите и се обезбедуваат сите докази на терен“, велат од Јавното обвинителство Скопје и додаваат:
„Првичните индиции упатуваат на можна поврзаност со фактот што јавниот обвинител постапува во два сензитивни предмета, во кои во моментот интензивно презема истражни дејства. Истражните органи работат на расчистување на настанот и на целосно утврдување на причините“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Дрога пронајдена во затворот „Идризово“

Во СВР Скопје, вчера, околу 10.35 часот, од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ било пријавено дека при извршен претрес во затворениот дел од установата.
Полицијата соопшти дека биле пронајдени и одземени марихуана и таблети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Три лица во Скопје искасани од кучиња скитници

Вчера во 09.20 часот во Полициската станица Кисела Вода, Е.Б.(34) од Скопје пријавила дека во комплексот „Расадник“ во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден во 18.15 часот во Полициската станица Кисела Вода, Р.С.(46) од Скопје пријавила дека на бул.„Борис Трајковски“ во Скопје била касната од куче скитник.
Во Полициското одделение Петровец, на 18.02.2025 во 16.50 часот, И.Б.(40) од с.Средно Коњари, скопско, пријавил дека во с.Средно Коњари, неговиот малолетен син бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Прегазен 17-годишен пешак во Скопје

Вчера околу 15.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Р.Р.(61) од Скопје, удрило во 17-годишен пешак од с.Страчинци, скопско.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.