Контакт

Топ

Осомничен за пукањето на пластичарската улица со пиштол дошол да наплаќа долг од 10.000 евра

Објавено пред

Скопското Основно јавно обвинителство донесе наредба за истражна постапка против едно лице за кое постои сомнение дека сторило кривични дела – тешки дела против општата сигурност и недозволено држење оружје.

Како што информираат од Обвинителството, осомничениот, на 23 јули, на булеварот Никола Карев, неовластено држел пиштол и предизвикал опасност за животот и телото на еден оштетен.

Осомничениот и неговиот брат со автомобил пристигнале на местото на настанот пред влезот на една продавница за да бараат долг од 10.000 евра.

Во продавницата биле присутни должникот, неговиот брат и неговиот татко, при што настанала вербална расправија, а потоа и тепачка.

Во еден момент осомничениот извадил пиштол „берета“ во калибар од 9 милиметри и испукал куршум. Притоа го погодил таткото на должникот во пределот на ногата и му нанел тешка повреда.

По ова, осомничениот и неговиот брат избегале од местото на настанот.

Со цел непречено водење на постапката и обезбедување присуство на осомничениот, надлежниот јавен обвинител предложил да бидат определени мерки на претпазливост: забрана за напуштање на живеалиштето, обврска осомничениот да се јавува повремено кај надлежен орган, привремено одземање на пасошот и личната карта, како и забрана за приближување и контакти со оштетениот и со неговите синови.​

Свет

Северна Кореја – тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Објавено пред

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во земјата, докторот Едвин Салвадор.

Тој не објаснил детално зошто резултатите од тестот се сметаат за нецелосни. Салвадор за Си-ен-ен рекол дека СЗО барала од Северна Кореја да сподели информации за сомнителниот случај на коронавирус.

Во тек е следење на контактите на лицето за кое се сомнева дека позитивно на вирусот, а идентификувани се 64 директни контакти и 3.571 секундарни контакти.

Тие ќе бидат во карантин во објекти на владата 40 дена.

Северна Кореја на 26 јули го пријави првиот сомнителен случај на коронавирус во градот Каесонг. Сомнителниот нулти пациент, наводно, влегол во земјата на 19 јули, откако пребегнал во Јужна Кореја пред околу три години. Од појавата на првиот сомнителен случај, во Каесонг е воведен карантин.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Објавено пред

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по страотната експлозија во Бејрут, во која животот го загубија најмалку 135 луќе, додека над 5.000 се повредени.

Премиерот Хасан Дијаб прогласи тридневна жалост, почнувајќи од денеска, а првичните резултати од истрагата покажуваат дека виновник за експлозијата е невниманието на надлежните.

Без домови останаа 300.000 луѓе, соопштија властите.

Се очекува пораст на бројот на загинати во експлозијата, за која властите откриваат големо складиште на високоексплозивен материјал, кој со години бил чуван во небезбедни услови во пристаништето.

Претседателот Мишел Аун изјави дека 2.700 тони амониум нитрат, кој се користи за ѓубриво и бомби, бил складиран шест години во пристаништето по што бил запленет.

Тој додал дека владата е одлучна во тоа да истражи што побрзо што се случило и одговорните и оние кои се однесувале неодговорно да бидат казнети.

Владата нареди пристанишните власти, кои учествувале во складирањето и чувањето на материјалот, да се стават во домашен притвор.

Властите не го потврдија потеклото на почетниот пожар, кој доведе до експлозија, но локалните медиуми и еден безбедносен извор наведуваат дека пожарот го предизвикале луѓе кои заварувале.

Прикажи повеќе...

Свет

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Објавено пред

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели Кристофер Базби, британски експерт за ефекти на јонизирачко зрачење и научен секретар на Европскиот комитет за ризици од радијација.

Гувернерот на Бејрут, Марван Абуд веќе ја спореди експлозијата во градското пристаниште, по која настана и катастрофална „печурка“, со експлозиите од нуклеарните бомби во јапонските градови во 1945 година.

Британскиот експерт има и научна аргументација за таквата споредба. Во пристаништето во Бејрут експлодирале над 2.700 тони шалитра, хемиско соединение кое има слична експлозивна сила како ТНТ.

„Бомбата во Хирошима имаше сила меѓу 10 и 12 килотони ТНТ, според тоа, експлозијата во Либан имаше една третина од силата на бомбата во Хирошима“ вели Базби.

Тој објаснува и дека „печурката“ за време на екплозијата во Бејрут се појавила на сличен начин како што тоа се случува кај нуклеарните бомби.

„ Силниот удар создаде компресивни прстени во водената пареа, како што ќе направи нуклеарната бомба кога ќе експлодира во близина на водената површина“, тврди британскиот научник.

Тој додава дека експлозии на слични хемиски соединенија како во Бејрут се случиле во минатото, но ниту една не била толку силна како оваа во Либан.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет38 минути

Северна Кореја – тестиран првиот сомнителен случај на Ковид-19, резултатот нејасен

Во Северна Кореја е тестиран првиот сомнителен случај на коронавирус, но резултатите не се јасни, изјавил претставникот на СЗО во...

Свет38 минути

(Видео) Либан во тридневна жалост – спасувачите ги пребаруваат урнатините, се очекуваат уште жртви

Либанските спасувачки екипи и денеска продолжија со потрагата по преживеани меѓу урнатините по страотната експлозија во Бејрут, во која животот...

Свет54 минути

(Видео) Експлозијата во Бејрут трета по моќност во историјата по бомбите во Хирошима и Нагасаки

Експлозијата во Бејрут е трета по моќност во историјата, веднаш по експлозиите на нуклеарните бомби во Хирошима и Нагасаки, вели...

Свет14 часа

Објавени сателитски снимки од Бејрут пред и по експлозијата

Руската вселенска агенција „Роскосмос“ објави сателитски фотографии од пристаништето во Бејрут пред и по вчерашната експлозија. Покрај нив, фотографии објави...

Свет15 часа

Првиот руски авион со мобилна болница полета за Бејрут

Авионот со воздухопловна мобилна болница, лекари и спасувачи полета од регионот Жуковски во Москва кон Бејрут, главниот град на Либан....

Свет15 часа

Само 1,5 милиони Италијанци развиле антитела на ковид-19, што е далеку од колективен умунитет

Речиси 1,5 милиони луѓе во Италија развиле антитела на Ковид-19. Ова го покажуваат резултатите од серолошките тестови спроведени и анализирани...

Регион15 часа

Црна Гора планира да ги отвори границите за регионот

Заменик-директорот на институтот за јавно здравје на Црна Гора, Сенад Бегиќ, изјави дека се размислува за отворање на границите и...

Свет17 часа

Домашен притвор за сите пристанишни службеници во Бејрут

Либанската влада денеска донесе одлука да ги стави во домашен притвор сите пристанишни службеници во Бејрут кои го надгледувале складирањето...

Економија20 часа

РКЕ: Поскапувањето на струјата нема да влијае на зголемување на цената на другите производи

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги ги оценува како неточни, неосновани и нестручни наводите дека зголемените цени на електричната...

Македонија20 часа

Шестмина починати и 88 нови случаи на коронавирус во Македонија

Во последните 24 часа од коронавирус починаа шест лица, две пациентки од Скопје, пациент од Куманово, пациент од Гостивар, пациент...

Топ21 час

Петмина повредени во две сообраќајни несреќи на патот Охрид – Кичево

Две несреќи се случија утринава на патот Охрид – Кичево, а повредени се пет лица. Пред влезот во Охрид се...

Свет22 часа

СЗО: Нема чудотворен лек за коронавирусот, вакцината би можела да штити неколку месеци

Во време кога експертите од целиот свет работат на пронаоѓање вакцина, кога некои од нив се во последната фаза на...

Македонија22 часа

Министерството за одбрана: Македонските војници во Либан се безбедни

Министерството за одбрана информира дека припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мисијата на Обединетите нации во Либан, УНИФИЛ,...

Свет24 часа

СЗО: Ковид-19 е шест пати посмртоносен од сезонскиот грип

Според најновите процени на Светската здравствена организација, просечната смртност на заболените од Ковид-19 е 0,6 проценти. Ова го прави коронавирусот...

Свет1 ден

(Видео) Бејрут ден по експлозијата – болниците преполни, луѓето во шок бараат преживеани под урнатините

Чад сè уште се чувствува во Бејрут по вчерашните експлозии што разнесоа магацин и многубројни објекти на пристаништето. Спасувачите ги...

Македонија1 ден

СДСМ: Почнуваме сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство

СДСМ почнува сериозни разговори за формирање стабилно мнозинство и влада што движи бргу напред по европскиот пат, патот на економијата...

Свет1 ден

(Видео) Над 100 починати и 4.000 повредени во експлозијата во Бејрут

Според последните информациите што ги пренесуваат медиумите, бројот на жртвите од експлозијата во Бејрут се искачи над 100, а повеќе...

Македонија1 ден

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 се лица над 60 години

Најголем број од новозаболените и починатите од Ковид-19 во периодот од 27 јули до 2 август се лица над 60...

Свет1 ден

(Видео) Трамп: Бејрут е нападнат, тоа беше бомба

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека генерали на американската армија му пренеле оти експлозијата во Бејрут, во која загинаа најмалку...

Свет1 ден

(Видео) Над 2.000 тони амониумнитрат експлодирале во магацинот во Бејрут

Над 2.750 тони амониумнитрат експлодирале во магацин за пиротехника во пристаништето во главниот град на Либан, што предизвика стравотна експлозија,...

Досие