Црна хроника
Откриени девет танчарки и пејачки кои нелегално работеле во објект во Желино

Девет танчарки и пејачки од Албанија и од Македонија нелегално работеле во објект во Желино, Тетово.
Според информациите на МВР, во акција на полицијата спроведена ноќеска во угостителски објект во село Желино, сопственост на 46-годишeн жител на ова село, затекнати се девет женски лица што работеле како пејачки и танчарки.
Од нив три биле од Република Албанија, а шест биле македонски државјанки. Трите албански државјанки на возраст од 25, 30 и 33 години се приведени во Полициската станица Тетово и потоа предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и раедмисија за натамошна постапка. Сопственикот на објектот ќе биде повикан во Полициската станица Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Приведени млади тетовци, кои нападнале и ограбиле маж

Малолетник од Тетово и 18-годишник од тетовско Селце се приведени за напад и грабеж на 27-годишно лице.
Инцидентот се случил на 19-ти септември во близина на Спортски центар во Тетово. Двете лица го нападнале М.М. и се обиделе да му одземат пари.
Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово, случајот целосно е расчистен и против нив ќе следуваат соодветни поднесоци
Црна хроника
Четирицикл изгубил контрола и удрил во бетонски столб во Гостивар, повредени се возачот и совозачот

Во Полициската станица Гостивар синоќа во 01.30 часот било пријавено дека на ул.„Балиндолска“ во Гостивар, Р.Џ.(29) од Гостивар, управувајќи четирицикл без регистарски ознаки, загубил контрола и удрил во бетонски столб.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, додека со телесни повреди се здобил сопатникот Ф.Х.(29) од Гостивар.
Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Гостивар.
Црна хроника
Пешак прегазен од мотоцикл во Струга, го управувал малолетник

Синоќа во 20.00 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека на ул.„ЈНА“ во Струга, малолетник од Струга, управувајќи мотоцикл со струшки регистарски ознаки, удрил во малолетен пешак од Струга.
Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Специјална болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа на Полициската станица Струга.