Црна хроника
Пациент од Штип нападнал медицинска сестра во Клинички центар
Медицинска сестра од комплексот клиники „Мајка Тереза“ била физички нападната од 39-годишен штипјанец кој таму бил на болничко лекување.
Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во вечерните часови на 1 април, додека сестрата била на работното место.
Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пресметка со огнено оружје во Арачиново: оштетено возило кое случајно се затекнало на местото
Вчера во 16:21 часот во СВР Скопје е пријавено дека во село Арачиново, скопско, по претходна меѓусебна пресметка со огнено оружје помеѓу неколку лица, кои биле со две возила, оштетено било возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Б.Б., кое случајно се затекнало на местото.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Уапсен маж од Тетовско: кај него пронајдени 3.106 пиротехнички средства
Вчера во 16:30 часот на улицата „19 Ноември“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода Џ.Ј.(35) од село Селце, тетовско, затоа што кај него се пронајдени и одземени 3106 парчиња пиротехнички средства.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок по член 396 од Кривичниот законик.
Црна хроника
Ограбена аптека на Бит-пазар
Вчера во 19:50 часот во СВР Скопје е пријавено дека во аптека на подрачјето на Бит Пазар, едно лице со закана со огнено оружје од вработената одзело пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

