Контакт

Топ

Петнаесетгодишно девојче падна во бездна на Селечка Планина

Објавено пред

Петнаесетгодишно девојче од Прилеп вчера паднало во бездна и добило повреди на местото наречено Чуле на Селечка Планина.

Полициски службеници веднаш излегле на местото и бидејќи теренот бил непристапен била повикана алпинистичка екипа од Единицата за специјални задачи при МВР и хеликоптер на МВР, кои во најкратко можно време пристигнала на местото и го извлекле девојчето, кое било префрлено во болницата во Прилеп.

Во разговор со полициските службеници девојчето изјавило дека при пешачење се лизнало и паднало во бездна. За настанот е известен и јавен обвинител.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Објавено пред

Судијката Даниела Алексовска Стојановска, го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Причина за одлагањето е што не дојдоа ниту адвокатите на Никола Груевски и на Кирил Божиновски, ниту обвинетиот Божиновски.

Адвокатите го известиле судот дека се спречени да присуствуваат на рочиштето поради присуство на друго рочиште и поради патување во странство. На судењето немаше присутен ниту обвинител од СЈО.

Следното рочиште е закажано за 19 септември.

Во „Талир 2“ обвинети се бегалецот Никола Груевски и ексгенералниот секретар на Владата, Кирил Божиновски. Според СЈО, тие злоупотребувајќи ја службената положба, овозможиле правното лице ДГ Бетон АД Скопје да го изгради седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ. Во времето на обезбедување на услугата, фирмата имала склучено договори за јавни набавки со државни органи и јавни установи или претпријатија спротивно на Законот за политички партии, Законот за финансирање на политички партии и Законот за облигациони односи.

Пред судот веќе се води постапка за предметот „Талир“ за незаконско финансирање на партијата ВМРО-ДПМНЕ. Според обвиненителниот акт од СЈО, обвинетите во „Талир“ незаконски добиле најмалку 4,6 милиони евра за партијата, а потоа организирале тие пари да бидат уплатени на жиро-сметката на партијата преку уплатници на разни луѓе.

 

Прикажи повеќе...

Европа

Германија ги зголемува резервите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Објавено пред

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод што ќе може да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен инцидент.Германската канцеларија за заштита од радијација потврди дека нарачале 189,5 милиони таблети јод за да обезбеди безбедна и масовна дистрибуција во случај на радиолошка или нуклеарна криза.

Телевизијата WDR, која прва објави за зголемувањето на резервите, наведе дека количината нарачани таблети е четирипати поголема од сегашните резерви. Доколку се земат веднаш по нуклеарниот инцидент, таблетите со јод може да спречат од заболување на рак на штитната жлезда.

По катастрофата во јапонската нуклеарна електрана „Фукушима“ во 2011 година, Германија ги измени упатствата за управување со проблемите во нуклеарните електрани. Додека Германија планира постепено да ги исклучи сите нуклеарни централи до 2022 година, неколку нејзини соседи, вклучувајќи ги Белгија, Франција, Швајцарија и Чешка, ќе продолжат да користат нуклеарни реактори.

Прикажи повеќе...

Свет

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Објавено пред

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно земјоделците нелегално да подметнуваат шумски пожари, но рече дека странците не треба да се мешаат во внатрешните прашања на Бразил.

Францускиот претседател Емануел Макрон и генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, на „Твитер“ изразија загриженост поради тоа што пожарите во амазонската прашума достигнаа рекордно високо ниво годинава уништувајќи широки шумски појаси, кои се сметаат за еден од најважните бедеми против глобалното затоплување.

Болсонаро луто одговори на тоа што, според него, е мешање.

„Оние земји што испраќаат пари тука не ги испраќаат од милосрдие… Тие ги испраќаат со цел да се мешаат во нашата независност“, рече тој во преносот во живо на „Фејсбук“.

Но, претходно, во четвртокот, бразилскиот претседател изјави кажа дека земјата нема средства за контрола на пожарите.

„Амазонија е поголема од Европа, како можете да се борите со пожар во такво подрачје?“, ги запрашал тој новинарите по напуштањето на претседателската резиденција. „Немаме ресурси да го сториме тоа“, констатирал Болсонаро.

Пожарите во Амазон се зголемени 83 проценти оваа година во однос на истиот период лани, покажуваат официјалните податоци.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија48 минути

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска Стојановска, го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на...

Европа2 часа

Германија ги зголемува резервите со таблети јод во случај на нуклеарен инцидент

Германските власти го зголемуваат снабдувањето со таблети јод што ќе може да им помогнат на граѓаните во случај на нуклеарен...

Свет2 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Регион3 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет3 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет4 часа

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија14 часа

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија16 часа

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа19 часа

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ23 часа

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ24 часа

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија1 ден

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија1 ден

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија1 ден

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет1 ден

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија1 ден

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Европа1 ден

Меркел и Џонсон се уверени дека ќе се најде решение за брегзитот

Британскиот премиер, Борис Џонсон, и германската канцеларка, Ангела Меркел, во Берлин изјавија дека се убедени дека ќе се најде решение...

Македонија2 дена

(Видео) Русковска: Не би барала притвор за Јанева без доволно докази

Обвинителката Вилма Русковска по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка претхдно...

Македонија2 дена

(Видео) Триесет дена притвор за Катица Јанева

Од вечерва шефицата на СЈО, Катица Јанева, е во истражниот затвор „Скопје” во Шуто Оризари. Судија на претходна постапка ѝ...

Регион2 дена

Закани за бомби испратени до редакции и аеродроми во Бугарија

Бугарската полиција почна да истражува неколку закани за бомби испратени преку е-пошта до медиумски куќи во Софија и до најголемите...

Досие