Црна хроника
Пет лица пред болница натепале прилепчанец и му го искршиле автомобилот

Маж од Прилепско бил натепан пред болницатата „Борка Талески“ во Прилеп од страна на пет лица, кои потоа му го искршиле и автомобилот.
„На 16.5.2022, во ОВР Прилеп, Б. А. (46) од с. Ропотово, општина Долнени, пријавил дека пред болницата ‘Борка Талески’ – Прилеп бил физички нападнат од П. С., С. С., В. С., Ф. С. и Б. С., сите од с. Ропотово, при што го оштетиле и неговото патничко моторно возило „форт фиеста“, кое било паркирано пред болницата“, соопшти МВР.
Претходно, било пријавено дека лицата физички го нападнале и В. Т. (45) од с. Ропотово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Убиено 22-годишно момче во тепачка во Струмица

Вечерва во Струмица е убиено 22-годишно момче во тепачка меѓу две семејства во Туското маало.
Во тепачката повреден е малолетник и две жени, соопшти полицијата.
Повеќе детали за настанот полицијата најави за утре.
Црна хроника
Убиен жител на село Ласкарци, во него пукале две лица

Синоќа, во скопското село Ласкарци две лица со огнено оружје пукале во 34-годишниот Р. Ќ..
Тој добил повреди по што починал во возилото на итната медицинска помош при транспорт до комлпексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Две пациентки се степале во Клиничкиот центар

Две пациентки се степале во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Според информациите, вчераутро, поради меѓусебно недоразбирање, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Г. А. (43) и Е. Љ. (29), двете од Скопје, кои биле пациентки во Клиничкиот центар. По документирање на случајот, ќе следуваат соодветни поднесоци.