Црна хроника
Пешакот на магистралниот пат Штип-Кочани го усмртил 26-годишен возач со „опел астра“
Денеска во ОВР Кочани било пријавено дека околу 08.00 часот на магистралниот пат Штип – Кочани, кај с.Тркање, патничко возило „опел астра“ со кочански регистарски ознаки, управувано од К.А.(26) од с.Облешево, кочански, удрило во пешакот С.С.(56) од с.Теранци, кочанско.
Од здобиените пешакот С.С. починал на местото, а лекар констатирал смрт.
Увид извршила екипа од ОВР Кочани
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена измамена за 8.600 евра со лажно посредување за купување куќа во Тетово
Тетовската полиција поднесе кривична пријава против Ш.Ф. (54) од Тетово, М.Ф. (29) од село Долно Количани, општина Студеничани, И.А. (54) од село Шемшево, општина Јегуновце и З.З. (48) од Тетово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“.
Според пријавата, прво и второпријавениот во декември 2024 година со лажно прикажување на факти измамиле жена, ветувајќи ѝ дека ќе ѝ посредуваат при купување куќа во Тетово, наводно во сопственост на нивни роднини, за сума од 135.000 евра. Оштетената во два наврати им исплатила вкупно 8.600 евра.
Во март 2025 година, откако утврдила дека куќата е во сопственост на друго лице и се обидела случајот да го пријави во полиција, била одвратена од таа намера од третопријавениот.
Потоа, третопријавениот го запознал четвртопријавениот со настанот, по што по извесен период оштетената добила назад 5.100 евра. Останатите пари, како што се наведува, пријавените ги задржале за себе и ја блокирале на социјалните мрежи, со што ѝ оневозможиле да стапи во контакт со нив.
Топ
Осомничен за убиството во Старата чаршија уапсен на Косово, почнува постапка за екстрадиција
Обвинителството донесе Наредба за спроведување истражна постапка против турски државјанин за кого постои основано сомнение дека е извршител на кривично дело – Убиство од член 123, како и едно кривично дело Убиство во обид односно согласно член 123 во врска со член 19 од Кривичниот законик.
Во новогодишната ноќ, во кафе бар во Старата скопска чаршија, осомничениот 25-годишник со престојувалиште во Тетово започнал расправија со двајца други турски државјани на возраст од 22 и 23 години, од кои едниот со престојувалиште во Скопје, а другиот жител на германскиот град Есен.
По расправијата, двајцата оштетени со други лица заминале кон плоштадот, меѓутоа бидејќи не успеале да најдат такси повторно се вратиле кон чаршијата и поминале во близина на истиот кафе бар. При повторна средба со осомничениот, расправијата продолжила, а тој извадил нож со кој му нанел четири удари во градниот кош и срцето на оштетениот Ахмет Мерт Доган, кој починал на лице место. Со еден удар му нанел телесна повреда – убодна рана во грбот и на другиот оштетен, со намера и него да го лиши од живот, по што побегнал од местото на настанот.
Во текот на вчерашниот ден беа преземени повеќе дејствија за обезбедување докази, беше наредена обдукција на починатиот, беа подигнати траги за вештачење, беа извршени разговори со повеќе лица, а беа обезбедени и снимки од видео надзор преку кои беше извршена идентификација на осомничениот.
Со дејствија на потрага истражните органи добија сознанија дека осомничениот се наоѓа во Косово, каде е лишен од слобода од косовските органи, така што јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор во отсуство врз основа на кој веднаш ќе биде иницирана постапка за екстрадиција.
Црна хроника
(Видео) Десет килограми кокаин откриени во автомобил во скопско
Во координирана акција на Основното јавно обвинителство Скопје и Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден беа откриени 10 килограми кокаин со висока чистота, скриени во автомобил БМВ X5 со скопски регистарски ознаки.
Автомобилот бил сопрен во селото Горно Количани, по што јавниот обвинител од судија на претходна постапка обезбеди наредба за детален претрес и во импровизиран бункер во подвозјето на возилото беше пронајдена дрогата.
Основното јавно обвинителство Скопје поведе истражна постапка против 26-годишникот кој го управувал автомобилот за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. За осомничениот ќе биде предложена мерка притвор поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци и соучесници, како и веројатност да продолжи да врши кривични дела.
Бидејќи станува збор за големо количество дрога, јавниот обвинител издава повеќе наредби со цел испитување на потеклото на кокаинот и неговата крајна дестинација, како и можни други инволвирани лица.

