Црна хроника
Пешак тешко повреден по удар од автомобил
Вчера година во 20:00 часот во СВР Битола било пријавено дека на крстосницата од улиците „Партизанска“ и „АСНОМ“ во Битола, патничко возило цитроен со битолски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(61) од Битола удрило во пешакот С.С.(29) исто така од Битола.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница во Битола.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
