Црна хроника
Пицерии, слаткарници и бурекчилници во Лабуништа не ги почитувале препораките – им се закануваат казни
Струшкото обвинителство поднесе предлог за издавање казнен налог против 2 лица и 2 фирми од Лабуништа за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.
Управителите на фирмите не постапиле согласно одлуките и мерките донесени за спречување на ширењето на заразна болест, па и покрај донесената забрана, вршеле угостителска дејност во пицерии, слаткарници и бурекчилници во Лабуништа.
Како што наведуваат од Обвинителството, при извршена контрола од Државниот пазарен инспекторат – Струга било утврдено дека угостителските објекти работат, а на масите имало гости.
Надлежниот јавен обвинител предложи парична казна од 100 дневни глоби од по 30 евра за физичките лица, како и казна од 100 дневни глоби од по 50 евра за секое од правните лица.
Освен ова, Основното јавно обвинителство Струга поднесе предлози за издавање казнени налози против 10 лица кои не го почитувале полицискиот час.
Обвинетите биле затекнати како се движат на различни локации, не почитувајќи ја одлуката за забрана и посебен режим за движење. Двајца од нив издржувале казна во затворот во Струга, a за време на полицискиот час биле затекнати како се движат во близина на затворот од каде биле избегани.
Ценејќи ги околностите во секој предмет поединечно, надлежен јавен обвинител за 8 обвинети предложи парична казна од 100 дневни глоби со висината на една дневна глоба од 30 евра, за едно лице – 100 дневни глоби од по 20 евра и за едно лице – парична казна од 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневна глоба од 10 евра во денарска противвредност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.
Црна хроника
Скијач од Словенија повреден на Титов Врв
Вчера во 12:05 во СВР Тетово е пријавено дека на место викано „Бакардан“, во близина на „Титов Врв“, има повредено лице.
Според пријавеното, Ј.Р.(65) од Словенија паднал и се повредил при скијање.
Со ратрак служба е преземен и пренесен во Клинички центар Тетово каде му е укажана лекарска помош.
Црна хроника
Пукање во Чаир, од автомобил во движење испукани неколку куршуми
Вчера вечерв во 22:52 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми.
Повредени лица нема, а по преземени мерки полициски службеници од местото на настанот подигнале осум чаури.
Од МВР влеат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото/Depositphotos

