Црна хроника
Пијан Холанѓанец предизвикал неред во Струга

Во Полициската станица Струга во утринските часови на 28 октомври бил приведен 39-годишен Холанѓанец поради тоа што пијан го нарушил јавниот ред и мир и ги вознемирувал граѓаните пред маркет во градското пазариште.
Како што информираат од МВР, Холанѓанецот бил задржан во полициската станица за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
20-годишна девојка девојка загина во Бутел, паднала од зграда

Дваесетгодишна девојка вчера била пронајдена на плочник пред зграда на подрачје на Бутел.
Девојката со иницијали С.Д.(20) од Скопје била затекната со тешки телесни повреди здобиени при пад од зградата.
„Таа била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде на 10.06.2023 во 00.30 часот починала“, велат од МВР.
Увид бил извршен и за настанот бил известен јавен обвинител. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Возрасен тетовец се самозадоволувал пред малолетник и се обидел да го силува

Тетовската полиција го приведе Р.Л.(41) од тетовско село.
Од МВР велат дека тој се сомничи оти се самозадоволувал пред малолетник од селото и се обидел да изврши обљуба врз него.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Дете нападнато од неколку лица во автобус на ЈСП

Дете од селото Кучевиште било нападнато во автобус на ЈСП од страна на неколку лица.
Случајот во полицијата го пријавил таткото на детето.
„На 10.06.2023 во 01.20 часот во СВР Скопје, Б.К.(44) од с.Кучевиште, скопско, пријавил дека на 09.06.2023 околу 11.30 часот во автобус на ЈСП, кој сообраќал на релација од населба Бутел кон Капиштец, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку лица“, велат од МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.