Црна хроника
Побаран притвор заради трговија со дрога

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 43-годишен скопјанец, поради неовластено производство и продажба на дрога.
„Осомничениот на 21 јануари 2021 година, околу 17:15 часот, во патничко возило „шкода фабиа“ кое тој го управувал кај ул. Јадранска магистрала, односно на паркинг-просторот позади ресторан ‘Капри“, неовластено заради продажба држел 19.980 грама наркотична дрога марихуана спакувана во две најлонски црни вреќи“, наведе обвинителството.
Јавниот обвинител кој постапува во предметот, по донесување на наредбата за спроведување истражна постапка, во насока на обезбедување непречено одвивање на кривичната постапка, до Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Се запалија викендичка на Матка и кафеана во Гази Баба

Во текот на вчерашниот ден во Скопје се случиле два одделни пожари, потврди Министерството за внатрешни работи.
Првиот пожар избувнал околу 09:50 часот во угостителски објект на подрачјето на Гази Баба, а вториот околу 16:38 часот во викенд-куќа во село Долна Матка, сопственост на Ј.Д. (71) од Скопје.
Во двата случаи пожарите биле изгаснати од екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје, повредени лица нема, а увид извршиле екипи од СВР Скопје.
Црна хроника
Приведен маж од Мршевци по пријава дека физички нападнал малолетник

Полициски службеници од СВР Скопје го привеле Б.С. (54) од село Мршевци, општина Илинден, по пријава дека физички го нападнал малолетниот син на 39-годишната А.Ј.
Инцидентот се случил на 19 октомври 2025 година околу 15:30 часот во селото Мршевци. Од МВР информираа дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против приведениот.
Црна хроника
Скопјанец му се заканувал и му го оштетил возилото на својот брат

Полицијата го приведе Б.М. (45) од Скопје на подрачјето на Карпош, по пријава дека упатувал закани кон својот 46-годишен брат, а потоа со тврд предмет го оштетил неговото патничко возило.
Инцидентот се случил вчера околу 10 часот, а по целосно документирање на случајот, против осомничениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопштија од Министерството за внатрешни работи.