Црна хроника
Полицијата приведе 9 дилери на дрога во Скопје и во Тетово, меѓу нив и малолетник
Вчера полицијата приведе 9 лица на возраст од кои едниот е малолетник, а највозрасниот има 44 години. Акциите полицијата ги изврши на териториите на Скопје и на Тетово. Кај нив беа пронајдени и одземени различни наркотични средства, вклучувајќи марихуана, кокаин и прашкасти материјали.
Околу 21:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Теарце го лишиле од слобода Н.А. (44) од с.Доброште, тетовско. Кај него бил пронајден и одземен кокаин. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Подоцна полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.И. (29) од Скопје. Кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Претходно на територијата на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Г.М. (19) од Скопје. Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во 21:40 часот, исто така во Центар, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А. (20) од Скопје. Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Апсење имало и во Чаир кадешто полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Б.З. (30) од Скопје. Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Лишиен од слобода бил и Ф.Л. (29) од Скопје кого полицијата го приведен во Аеродром. Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Во 21:10 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода малолетник од населба Илинден, скопско. Кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Полициски службеници од СВР Скопје во населбата Ѓорче Петров го лишиле од слобода Д.А. (32) од Скопје. Кај него биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста и бела грутчеста материја. По документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
„Сите лица се приведени и ќе бидат процесуирани согласно законот. Полицијата продолжува со активностите за спречување и откривање на незаконска трговија со дрога. За секое лице ќе бидат преземени соодветни мерки согласно нивната одговорност“, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

