Контакт

Топ

Потврден идентитетот на планинарoт кој починал од срцев удар на Пелистер

Објавено пред

„На 19.11.2023 година, во 12.30 часот, во СВР Битола било пријавено дека во близина на местото наречено Љубовница на Баба Планина било пронајдено починато лице.

dobivaj vesti na viber

На местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Битола, при што било утврдено дека се работи за С. А. (76) од Скопје, кој бил дел од планинската група што се движела кон Пелистер.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итната медицина помош во Битола. На местото на увидот била екипа на СВР Битола, а по насоки на јавен обвинител, телото на починатиот е испратено на обдукција“, соопшти МВР.

Сппоред последните информации, тој не бил сам, туку со група планинари, кои допатувале викендов во Битола за да планинарат.

Надлежните велат дека станува збор за искусен планинар, а пријателите со кои бил први побарале помош. Тие се наоѓале на надморска висина од 2.000 метри.

Македонија

Келнер кој непријавен работел во „Пулс“ сведочи дека клубот имал само еден влез, имало малолетници, а пред пожарот со 63 жртви имало танчерки кои вртеле факели

Објавено пред

Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени кажа дека тој и брат му Андреј, кој загина во пожарот, работеле непријавени, во дискотеката и претходно се користеле запаливи средства за забава, дека имало само еден влез/излез за гостите и дека имало малолетни лица.

dobivaj vesti na viber

Панов сведочеше дека работел во „Пулс“ за викенди, на повик, а дневницата му била 1500 денари кои ги добивал пред почетокот на смената. Неговиот брат, пак, работел како шанкер.

Панов рече дека вечерта кога се случи пожарот, во „Пулс“ дошол во 02.20 часот. Објектот бил преполн. Бил излезен да испуши цигара кога слушнал како преку микрофон некој им кажува на гостите „излегувајте сите, ќе се вратиме“ по што настанал хаос од луѓе кои се обидувале да излезат. Сведочеше дека многумина се заглавиле на вратата, едно врз други на скалите кај влезот. Тој почекал малку да се расчисти метежот и влегол да го побара братот.

„Нешто падна врз мене, се распрсна и морав да излезам. Кога се вратив по вторпат го најдов брат ми пред влезот. Имаше многу тела, никој не беше при свест. Јас ги поместував телата за да го најдам брат ми. Тој веќе беше надвор, некој го извлекол кај влезот. Го познав по тетоважите“, сведочеше Панов.

Во болницата во Кочани му кажеле дека му дале адреналин на неговиот брат, се обидувале да го реанимираат,  на кратко останал сам со него и тој се обидувал да го оживее се додека сестра од болницата не му кажала дека „во собата број два се тие што не дишат“.

На прашањето дали во „Пулс“ и претходно се користела пиротехника, Панов одговори дека на претходната забава со ди-џеи од Грција имало танчерки кои вртеле запалени факели.

Обвинителството на денешното судење ќе повика уште четворица сведоци.

Прикажи повеќе...

Македонија

Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје, најави Орце Ѓорѓиевски

Објавено пред

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки на Клиничкиот центар во Скопје, со што се презема конкретен и системски чекор кон трајно решавање на долгогодишниот проблем со паркирањето во овој значаен здравствен комплекс.

dobivaj vesti na viber

На координациски состанок, одржан заедно со министерот за здравство Азир Алиу и стручните тимови од ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје, беше утврдена динамиката и моделот за реализација на овој важен инфраструктурен проект, кој ќе донесе околу 500 нови паркинг места и значително ќе го олесни функционирањето на Клиничкиот центар.

„Ова е конкретно, функционално и трајно решение кое директно ќе го олесни секојдневието и работата на здравствените работници, но и пристапот на пациентите од целата држава кои секојдневно доаѓаат на лекување. Изградбата на монтажните гаражи ќе овозможи подобра организација на сообраќајот, слободен и непречен пристап за итната медицинска помош и поголема безбедност за сите учесници во сообраќајот, со почитување на јавниот простор и современите урбанистички стандарди“, рече Ѓорѓиевски.

Како што додаде, овој важен инфраструктурен зафат е во координација со премиерот Христијан Мицкоски и претставува јасен сигнал за заедничка посветеност кон решавање на реалните проблеми на граѓаните и унапредување на здравствениот систем.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Филипче ја критикуваше Владата дека го кочи европскиот пат и нема волја за уставни измени

Објавено пред

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот застој на европскиот пат на државата и практикувањето на антиевропски манири од страна на актуелната власт.

dobivaj vesti na viber

Филипче оцени дека во речиси половина од мандатот на Владата нема никаков напредок во исполнувањето на европските обврски, ниту пак се работи по забелешките од европските извештаи. Според него, наместо реформи, се практикуваат политики кои ја оддалечуваат државата од Европската Унија, во време кога, како што посочи, геополитичките околности драматично се менуваат, а земји како Украина и Молдавија напредуваат на европскиот пат.

Тој се осврна и на изјавите на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој повикува на политички одлуки за проширување на ЕУ, но, како што рече Филипче, во тие контексти Северна Македонија воопшто не се спомнува, што, според него, укажува дека државата не си ги завршила домашните задачи и не е подготвена за евентуална политичка одлука за прием.

Како клучен проблем, Филипче го посочи немањето политичка волја за спроведување на уставните измени, кои, како што нагласи, се единствениот начин за продолжување на преговорите и отворање на кластерите. Тој оцени дека најавите на Владата за репреговарање или промена на условите не се реализирале и дека станува збор за намерно запирање на европскиот пат на државата.

Филипче истакна дека реформската агенда не се спроведува, наведувајќи дека од 12-те закони што требало да се донесат минатата година, бил донесен само еден – Законот за Судскиот совет – и тоа, според него, со само парцијална имплементација на препораките од Оценската мисија. Според Филипче, ова било обид лажно да се прикаже дека се работи, додека суштински реформи нема.

Во своето обраќање, тој остро реагираше и на, како што ги нарече, отворените проруските ставови во Владата, наведувајќи дека вицепремиер присуствува на состаноци со луѓе блиски до Владимир Путин, без да ги крие тие контакти. Филипче ја спомена и изјавата на вицепремиерот Иван Стоиљковиќ дека Северна Македонија треба да влезе во ЕУ заедно со Србија, оценувајќи дека тоа отвора сериозни политички и безбедносни дилеми за регионот.

Тој оцени дека државата намерно е ставена на маргините на Европската Унија и дека е изложена на отворено проруско влијание, посочувајќи и на, како што рече, сомнителен капитал што влегува во земјата. Како пример го наведе влезот на Алта банка од Србија, за која рече дека била одбиена во земји членки на ЕУ, но дека актуелната власт широко ѝ ги отворила вратите во Северна Македонија.

Филипче реагираше и на, како што оцени, ограничувањето на слободата на говор, наведувајќи дека во Собранието се носат резолуции со кои се ограничува говорот на опозициските политички субјекти, што, според него, претставува антиевропски манир.

Тој зборуваше и за влошувањето на добрососедските односи, посочувајќи ги односите со Грција и Бугарија, оценувајќи дека наместо унапредување, повторно се отвораат затворени прашања заради националистичка и популистичка политика.

Како сериозен проблем, Филипче ја истакна и состојбата со слободата на медиумите, наведувајќи дека голем дел од медиумите, телевизиите и порталите се во директна или индиректна сопственост на луѓе блиски до унгарскиот премиер Виктор Орбан, спомнувајќи го Петер Шац и Адрија медиа група, за кои рече дека со години промовираат антиевропски ставови и ги поддржуваат политиките на Владата.

Во завршницата, Филипче предупреди и на директните економски последици од застојот на европскиот пат, наведувајќи дека со воведувањето на новиот електронски систем на Европската Унија ќе се ограничи движењето на македонските превозници. Тој се повика на изјавите на Александар Николоски, кој предупредил дека тоа може да доведе до крах на економијата, имајќи предвид дека над 60 до 70 проценти од извозот и увозот на земјата е поврзан со држави членки на ЕУ.

Според Филипче, цената на ваквите политики, како и досега, ќе ја платат граѓаните и стопанството.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 минута

Келнер кој непријавен работел во „Пулс“ сведочи дека клубот имал само еден влез, имало малолетници, а пред пожарот со 63 жртви имало танчерки кои вртеле факели

Првиот сведок на Обвинителството, 20 – годишниот Кристијан Панов, на денешното судење за пожарот во кочански „Пулс“ во кој загинаа...

Македонија1 час

Две монтажни катни гаражи добива Клиничкиот центар во Скопје, најави Орце Ѓорѓиевски

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска најави отпочнување на процесот за изградба на две монтажни катни гаражи во рамки...

Македонија1 час

(Видео) Филипче ја критикуваше Владата дека го кочи европскиот пат и нема волја за уставни измени

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на седница на Националниот совет за евроинтеграции изрази сериозна загриженост поради, како што рече, целосниот...

Македонија2 часа

Судењето за „Пулс“ почна со предупредување за родителите на загинатите дека ќе бидат исклучени, по тензиите со бранителката на Јованови

Денешното судење за пожарот во кочанскиот клуб „Пулс“ со 63 жртви и над 200 повредени почна со предупредување за родителите...

Топ3 часа

Три лица тешко повредени во сообраќајка помеѓу три возила во тетовско

Три лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера вечер во 22:50 часот на регионалниот пат Јажинце...

Македонија4 часа

Не е тајна дека Мицкоски има работено во бизнис секторот и има добро заработено, велат од ВМРО-ДПМНЕ за скапите часовници на премиерот

Не е никаква тајна тоа дека претседателот Мицкоски пред да влезе во политиката има работено во бизнис секторот во делот...

Македонија4 часа

Блокадите на границите не се решение, загубите ќе бидат големи, смета Стопанската комора

Проблемот со примената на правилото од 90/180 дена за професионалните возачи во товарниот патен транспорт (евиденцијата на влез и излез...

Македонија5 часа

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини, МВР ќе обезбеди непречен сообраќај за патничките возила и автобусите

Министерството за внатрешни работи – Оддел за гранични работи и миграција информира дека до МВР е доставена најава за одржување...

Македонија5 часа

150 минимални плати чинат часовниците на Мицкоски, велат од СДСМ

„Премиерот Христијан Мицкоски се најде на врвот на листата на политичари од земји членки на НАТО со најскапи часовници“, велат...

Топ5 часа

Пијана со нож го прободела сопругот, а потоа го гребела по вратот и телото: жена од Хрватска осомничена за семејно насилство во Кавадарци

Основното јавно обвинителство Кавадарци поведе постапка против 30-годишна државјанка на Хрватска со привремен престој во Кавадарци, која е осомничена дека...

Европа6 часа

Зеленски: Кучето на Лукашенко има повеќе права од белорускиот народ

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Белорусија е сè уште принудена да постои како територија управувана од Русија, додавајќи дека...

Свет7 часа

(Видео) Градоначалникот на Њујорк снимен со лопата во рака

Њујорк, Њу Џерси и Конектикат прогласија вонредна состојба поради голема зимска бура што донесе обилни снежни врнежи во целиот регион....

Свет7 часа

(Фото) Зимска бура во САД: Најмалку седум мртви, стотици илјади без струја

Опасната зимска бура што ги зафати Соединетите Американски Држави усмрти најмалку седум лица и остави стотици илјади домови без електрична...

Свет19 часа

Ризик по животот: Човекот кој се искачи на Тајпеј 101 без заштита земал половина милион евра

Американскиот алпинист Алекс Хонолд изјави дека му е платен „смешно мал“ надомест за да се искачи на облакодер од 488...

Топ20 часа

Се претставил како инспектор, изнудил пари од жена за наводна сообраќајка, па бил фатен на граница

СВР Битола, во координација со Одделот за криминалистичка полиција при Бирото за јавна безбедност, поднесе кривична пријава до Основното јавно...

Топ20 часа

Пешак се бори за живот на Ургентен во Скопје , малолетник го удрил со автомобил

Малолетник со возило удрил во автомобил и пешак, кој се бори за живот во Ургентен цнетар во Скопје, информираа денеска...

Свет23 часа

Киев е без греење на минусни температури, Зеленски бара поддршка за воздушна одбрана додека

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побара од сојузниците поголема поддршка за воздушна одбрана, бидејќи стотици згради во Киев се без греење...

Македонија1 ден

Безбеден град ќе казнува по 500 евра и една година без возачка за брзо возење

Министерството за внатрешни работи денеска во рамки на проектот „Безбеден град“ ќе спроведува активности за тестирање, калибрација и верификација на...

Македонија1 ден

Да беше жив Тоше Проески денес ќе полнеше 45 години

На денешен ден, 25 јануари 1981 година, е роден Тоше Проески, македонски пејач чиј музички опус и хуман ангажман го направија...

Македонија1 ден

АХВ за една година спровела над 125 илјади контроли и наплатила 618 илјади евра

Над 125 илјади инспекциски контроли од областа на безбедноста на храната и храната за животни, здравствената заштита и благосостојбата на...