Црна хроника
Починал жител на скопско Огњанци, паднало врз него дрвото што го сечел
На 22.08.2022 околу 19.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с. Огњанци, општина Петровец, бил пронајден починат Б.Н.(59) од с.Огњанци.
Според пријавеното, врз него паднало дрво кое го сечел во негова нива.
Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт, а увид извршила екипа од СВР Скопје.
По наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен крадец во Карпош, одземеното вратено на сопственичката
На 24.12.2024 во 11.40 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.С.(42) од Косово, кој бил затекнат непосредно по извршување на тешка кражба од куќа.
При преглед кај него биле пронајдени накит, рачни часовници, хрватска лична карта и други предмети, а при легитимирање лажно се претставил како хрватски државјанин. Со него бил извршен службен разговор, а одземените предмети биле вратени на оштетената.
Од страна на Единицата за внатрешни работи Карпош при СВР Скопје поднесена е кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело тешка кражба, а од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
Затвореник од „Идризово“ мамел газди на кафеани преку телефон, се претставувал како обвинител
СВР Струмица – ОВР Гевгелија до Гевгелија поднесе кривична пријава против И.П.(45) од Гевгелија поради постоење основи на сомнение за сторени едно кривично дело „измама“ и две кривични дела „измама во обид“.
Пријавениот И.П. кој во моментот издржувал затворска казна во Казнено поправна установа – Затвор Идризово во периодот од 05.12 до 21.12.2024 телефонски контактирал тројца жители на Гевгелија, сопственици на угостителски објекти, притоа лажно претставувајќи се како вработен во државни институции (Јавно обвинителство и Државен санитарен инспекторат) ги довел во заблуда оштетените ветувајќи им дека за определени парични средства ќе им помогне во решавање на случаи по наводни поднесени пријави до надлежни институции за труење со храна во нивните објекти.
Во еден од случаите оштетениот со посредство на трето лице му дал паричен надомест во износ од 2000 евра на пријавениот, а по неколку дена откако сфатил дека е измамен случајот го пријавил во полиција. Од страна на полициски службеници од СВР Струмица, ОВР Гевгелија и СВР Скопје во координација со Оддел за криминалистичка полиција, Сектор за општ и насилен криминал, ОСОСК Скопје и ОЈО Гевгелија биле преземени повеќе активности со цел откривање на сторителот, при што бил извршен и претрес во затворска ќелија, каде биле пронајдени предмети кои ќе послужат како доказ во понатамошната постапка.
Црна хроника
Марихуана пронајдена во двор на основно училиште во Битола
Синоќа во 21.40 часот од страна на полициски службеници од СВР Битола во двор на основно училиште во Битола била пронајдена марихуана.
Според полицијата, се преземаат мерки за расчистување на настанот.