Контакт

Топ

Почината жена пронајдена во нејзиниот дом во Струга

Објавено пред

Вчера вo 17.10 часот во Полициската станица Струга било пријавено дека во домот во кој живеела во Струга била пронајдена почината П.А.(73) од Струга.

dobivaj vesti na viber

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство.

Увид извршила екипа од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга, соопшти полицијата.

По наредба на јавен обвинител телото на починатата било дадено на обдукција.

Македонија

Универзалната сала не изгоре, изгоре тоа што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски

Објавено пред

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект што во вторникот пламна во пожар, по денешниот брифинг со медиумите, рекоа дека ќе има вештачење и ќе мора да се испита последната конструкција – новата.

dobivaj vesti na viber

„Ќе има веројатно вештачење и ќе треба да се испита новата конструкција, тоа ќе го прават институти и треба да се покаже дали егзистенцијата на материјалот не е нарушена. Ако не е, тогаш ќе продолжи со работа. Доколку е спротивното, нарушеното ќе се демонтира и ќе се прави нова конструкција. Позицијата која е руинирана, која се запали, е позиција за која има распишано јавна набавка. Колку време ќе трае тоа, не зависи од нас, МВР сѐ уште прави увид, сигурно ќе има вештачење од Обвинителството или некои засегнати страни. Тоa е процес и на крајот ќе треба испитување на целиот материјал, односно на критичниот материјал, кој беше најизложен на огнот“, рече еден од надзорниците.

Лазар Арсовски, сопственик на компанијата што ја вршеше реконструкцијата на Универзалната сала, рече дека изгорени се елементи што треба да бидат дислоцирани од тој објект.

„Сѐ што беше вредно, сѐ што имаше некаква вредност и за музеј, што може да се искористи, уште во 2020 веќе беше извадено од салата. Во глобала, во салата беа старите материјали, како иверка, стар челик, стар алуминиум. Универзална салата не изгоре, изгоре тоа што требаше да биде дислоцирано. Секоја штета што е направена ќе ја сносат нашите две компании. Новиот објект може бргу да се почне, а ако биде увидена штета на новата челична конструкција, ќе биде заменета со нова. Сѐ додека е во наше владение проектот, ние тоа мора да го направиме и ќе го направиме. Уште еднаш да објаснам, овој пожар нема жртви и не направи некоја преголема штета на самиот проект и ако има таква, ние ќе ја сносиме“, рекоа од таму.

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзалната сала, изјави дека Министерството за култура ги чека наодите од Јавното обвинителство, од Министерството за внатрешни работи, од Државниот инспекторат за труд, и упати апел да не се шират шпекулации  за причините и за штетите од пожарот.

Прикажи повеќе...

Македонија

Постојан приход на родителите е решение на проблемот со децата питачи, омбудсманот алармира дека сегашните мерки не даваат резултат

Објавено пред

Досегашните мерки за згрижување на децата од улица и работата со нив не го даваат посакуваниот резултат, вели Васка Бајрамовска-Мустафа од канцеларијата на омбудсманот на Меѓународниот ден на деца од улица. Деца што питааат на улица сѐ уште има иако надлежните органи преземаат мерки за намалување на нивниот број.

dobivaj vesti na viber

„Праксата покажува дека ефектите од згрижувањето на децата, начините на работа со нив очигледно не ги даваат посакуваните резултати. Податоците што ги обезбедивме преку центрите за социјална работа, преку Заводот за социјални дејности, од интервјуата со самите родители, со самите деца згрижени во дневните центри за деца во социјален ризик, деца на улица, укажуваат на тоа дека сѐ уште причините за појавата на деца на улица не се сфаќаат сериозно“, вели Бајрамовска-Мустафа.

Таа вели дека сегашната состојба со децата на улица треба да се сфати како аларм за посериозен пристап на институциите кон решавањето на проблемот оти децата на улица многу лесно може да завршат како жртви на трговија со деца.

„Сметаме дека сегашниот протокол, доколку се оди по утврденото како норма, како правило, може да даде сериозни резултати, но фактот дека ние секојдневно сме сведоци на деца што не питаат сами, туку со своите родители, питаат со други лица, кои се, а можеби и не се нивни блиски, укажува на потребата од многу посериозен ангажман на надлежните центри за социјална работа, а во чија надлежност се овие семејства во социјален ризик. Да работат со нив, да ги мапираат евентуалните можни злоупотреби, да ги превенираат можните злоупотреби на овие деца бидејќи и пред десетина години и сега го кажуваме истото – ваквите деца во социјален ризик, кои животот го поминуваат на улица, наместо детството да го поминат во училишните клупи со своите врсници, се многу лесно подводливи, многу лесно може да бидат жртви на секакви злоупотреби, на секакви манипулации, вклучително може да бидат и жртви на трговија со деца“, смета Бајрамовска-Мустафа.

Досегашното искуство со децата на улица и работата со нивните родители, според Бајрамовска-Мустафа, укажало и на решението на проблемот. Сите деца што питаат потекнуваат од семејства што живеат во супстандардни услови, без вода, без струја, и за многумина социјалната помош е единствен извор на приход, па од тука решение на проблемот би било вработување, образование и обезбедување постојан приход за родителите, кои би обезбедиле нормален развој на децата.

„Најсоодветно решение, според институцијата Народен правобранител, е да може да се работи со овие деца и со родителите еднакво. Она што нашето истражување покажува дека недостига е лошата материјална состојба, тешката економска состојба во која живеат овие семејства, е една од причините што тие излегуваат на улица. Затоа, една од нашите препораки во истражувањето е да се обезбеди постојан приход на овие семејства затоа што егзистенцијата со социјална помош очигледно не ги дава потребните резултати. На една од посетите кога го направивме истражувањето во летниот период во дневниот центар разговарајќи со еден од родителите чие дете беше изложено на питање, одеше да пита со своите врсници, запрашан зошто сега неговото дете не оди да пита, одговорот беше: ‘сега јас работам, нема потреба да излезе и да пита’. Ова укажува каде треба да се работи со овие семејства и факт е дека треба континуирано да се подигнува и свеста на родителите, меѓутоа и, генерално, на заедницата за тоа дека питањето или давањето пари не е решение на проблемот. Треба посериозно да се зафатиме со решавањето на овој проблем. Како што го решивме проблемот со неевидентираните лица, така и децата на улица да го имаат крајното решение, кое ќе биде во нивен најдобар интерес“, вели Бајрамовска-Мустафа.

Трите центри за деца од улица згрижуваат најмногу 70-80 деца оти максималниот капацитет им е ограничен на 24. Два од нив се во Шуто Оризари, а еден во Кисела Вода. Бајрамовска-Мустафа вели дека овие три центри не се доволни и советува секоја локална самоуправа, каде што има деца на улица, да отвори центри за нивно згрижување и сериозно да се посвети на работата и со децата и со родителите.

Прикажи повеќе...

Македонија

(Видео) Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја турнам, раскажа сточарот кој беше нападнат од мечка

Објавено пред

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговара со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во општина Долнени, кој претрпе опасен напад од мечка на Бабуна, во поширокот атар на селото Оморани во неделата.

dobivaj vesti na viber

Србиновски раскажа како се случил нападот и како успеал да се спаси.

„Беше Благовец, го терав добитокот и едно време пред мене излезе мечка. Ме грабна за ногата и паднав на грбот. Кога паднав, носев чизми. Ме фати преку чизмата и немаше што да правам. Не знам како се извлеков. Со десната нога ја мавнав и ме пушти, па пак ме фати за ногата, а јас повторно ја удрив. Ми даде Господ сила, ја грабнав за уши. Ја држев можеби половина час. Се исплашив, ја држев. Потоа ја турнав и веднаш станав. Ме гледаше и заминав до колибата, нозете ми се вкочанија. Вечерта немаше никој, дури во понеделникот децата ме најдоа“, раскажа Србиновски.

Ангелов му рече дека ЦУК се обидува да го реши проблемот со мечките, кои ги има во поголем број. Нашата цел, рече Ангелов, не ни е да ги убиваме мечките, но оние што напаѓаат треба да се отстранат.

Ги сакаме мечките, но повеќе ги сакаме луѓето, рече Ангелов.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Универзалната сала не изгоре, изгоре тоа што требаше да биде дислоцирано, вели Арсовски

Надзорниците на изградбата на Универзална сала, објект што во вторникот пламна во пожар, по денешниот брифинг со медиумите, рекоа дека...

Македонија1 час

Постојан приход на родителите е решение на проблемот со децата питачи, омбудсманот алармира дека сегашните мерки не даваат резултат

Досегашните мерки за згрижување на децата од улица и работата со нив не го даваат посакуваниот резултат, вели Васка Бајрамовска-Мустафа...

Македонија2 часа

(Видео) Господ ми даде сила, ја фатив за уши и успеав да ја турнам, раскажа сточарот кој беше нападнат од мечка

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, се сретна и разговара со повредениот Цане Србиновски, 61-годишник, жител на село Дреновци во општина...

Македонија3 часа

Грција реагира за употребата на името Македонија во кампањата, а сѐ уште ги нема ратификувано меморандумите поврзани со преспанскиот договор

Грчките медиуми пишуваат дека Атина одблиску ги следи политичките изјави поврзани со преспанскиот договор и употребата на името Македонија во...

Топ4 часа

МВР со детали: Непознато лице пукало од автомобил во движење во семејната куќа во Тетово

Непознато лице од автомобил во движење пукало во семејната куќа во Тетово. МВР се огласи по инцидентот што синоќа ги...

Македонија4 часа

(Видео) Пендаровски заигра оро во Кавадарци, Силјановска со коментар: „Ни се случува ‘Тешкото’“

Кандидатот за претседател од СДСМ, Стево Пендаровски, повторно се фати за оро за време на митинзите. Во Кавадарци му се...

Регион5 часа

Братот на убиецот закопан, мештаните револтирани: За неговиот гроб се знае, но каде е на Данка?“

Далибор Драгијевиќ (40) од Злот, брат на Дејан Драгијевиќ (50), кој е осомничен дека на 26 март ја уби малата...

Свет6 часа

Најтешките поплави во последните децении во Русија, евакуации и во Казахстан – „Целиот град ни е под вода“

Русија соопшти дека ситуацијата е многу напната бидејќи нивото на водата продолжи да расте во градот Оренбург и околните области....

Свет6 часа

Америка предупредува: Очекуваме ирански напад врз Израел

САД очекуваат дека ќе има напад од Иран врз Израел, но тој нема да биде од толку голем обем за...

Регион6 часа

(Видео) Голем пожар кај Нови Сад, повеќе од 10 возила на противпожарната служба се на терен

Голем пожар утрово околу 4.30 часот ја зафати населбата Бангладеш кај Нови Сад. На терен има повеќе од десет противпожарни...

Македонија6 часа

Пендаровски: Јас сум првиот претседател што постави жена за аѓутант во Армијата, прва во историјата на нашата држава

Пред граѓаните на Гевгелија, кандидатот за претседател Стево Пендаровски даде коментар на обвинувањата од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски...

Македонија21 час

По завршување на истрагата, ќе продолжи реконструкцијата на Универзална, да не се шират шпекулации, рече министерката Костадиновска-Стојчевска

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, по пожарот што ја зафати Универзална сала, денеска изјави дека Министерството за култура ги чека...

Македонија23 часа

Во затворот „Идризово“ се извршија претреси на повеќе простории, извести МВР

Министерството за внатрешни работи извести дека денеска под координација на ОЈО Скопје и по барање на КПУ „Идризово“, даде асистенција...

Топ1 ден

Велосипедист загина по удар од комбе во Скопје – МВР со детали за несреќата

Шеесет и осумгодишен велосипедист загина во сообраќајна несреќа во Скопје. Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 11...

Економија1 ден

Тутунопроизводителите да си ги проверат сметките, денес исплатени 1,5 милијарда денари за субвенции, порача Николовски

Денеска, на сметките на речиси 14.300 тутунопроизводители се исплатени субвенциите за реколтата од 2023 година во вредност од речиси една...

Македонија1 ден

Министерството за здравство: Поради дефект на компресорите, беа одложени елективните програми, а не итните случаи

Министерството за здравство информира дека поради дефект на еден од компресорите, во текот на два дена беше одложен елективниот програм,...

Топ1 ден

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“, извршени претреси

Во тек е голема полициска акција во затворот „Идризово“. Се вршат претреси, а од Обвинителството ја потврдуваат акцијата. „Во акција...

Македонија1 ден

Цикличен хибрид – Македонија назадува во правото и борбата против корупцијата, нотира извештајот на „Фридом хаус“

Назадување во владеењето на правото и борбата против корупцијата во Северна Македонија бележи најновиот извештај „Државите во транзиција“ (Nations in...

Регион1 ден

Телото на Данка од Србија се бара во бунари, септички јами, шахти – осомничените дале 20 погрешни локации

По исчезнувањето на девојчето Данка Илиќ (2) од Бор, припадниците на српското МВР активно трагаа по неа. Полицијата веќе во...

Македонија1 ден

Пендаровски: Мицкоски сака во исто време да биде и претседател и премиер

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски синоќа од Квадарци порача дека 24 април ќе биде клучен датум и дека токму во...