Црна хроника
Починат маж пронајден во паркот на прилепската болница, претходно таму се лекувал

Вчера утрото во паркот на Општата болница Прилеп бил пронајден починат маж, кој претходно се лекувал во болницата.
Според информациите, се работи за Г.Д. (51) од Прилеп.
Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Маж нападнат во кафуле во Битола: напаѓачот го удрил со тупаници, па посегнал и со стол по него

Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за насилство.
На 30 септември, во кафе-бар на улицата Генерал Васко Карангелевски во Битола, осомничениот извршил грубо насилство и ја загрозил сигурноста на едно лице. Додека оштетениот седел на маса во угостителскиот објект, осомничениот му се приближил и без повод и причина почнал да го удира со тупаници по главата нанесувајќи му телесни повреди.
Потоа подигнал стол и се обидел да го фрли кон оштетениот, но бил спречен. Со насилството предизвикал вознемиреност и кај другите присутни гости во објектот.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд Битола достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.
Судијата го прифати предлогот и донесе решение со кое определи притвор во траење од осум дена.
Црна хроника
На подрачјето на Бит-пазар приведен крадец баран со централна потерница

Денеска, во 10.50 часот, на улицата 83 во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода 45-годишниот А. Е. од Скопје, извести МВР.
„Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело кражба по член 235 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Лицето било предадено во Полициската станица Бит-пазар за понатамошна постапка по што ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
Црна хроника
Мотоциклист направил сообраќајна несреќа, па удрил во паркирано возило во Струшко

Вчера, околу 16.15 часот, во Полициската станица Струга било пријавено дека на регионалниот пат во с. Велешта, Струшко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел астра“, со ресенски регистарски ознаки, управувано од С. К. (61) од с. Долно Дупени, Ресенско, и мотоцикл „хонда“, без регистарски ознаки, управуван од А. И. (30) од с. Велешта, по што мотоциклот удрил во паркирано патничко возило „фолксваген кеди“, со струшки регистарски ознаки, сопственост на Х. Х. (66) од с. Велешта.
По несреќата, мотоциклистот А. И. бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила екипа од Полициската станица Струга.