Топ
По спроведена акција затворени повеќе угостителски објекти во Скопје
Oколу 01.00 часот во заедничка координирана акција на Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје-Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти (дискотеки и ноќни клубови) за кои имаше сознанија дека во нивното работење има нерегуларности, како неиздавање на фискални сметки, пропуштање на лица без сертификат за вакцинација, непочитување на протоколите за справувaње со ковид 19, присуство на малолетни лица во објектите, непоседување лиценци за лица од обезбедувањет, соопштија надлежните.
По извршената контрола е констатирано дека во угостителски објект на ул.Јордан Мијалков при извршената контрола од страна на УЈП е констатирано неиздавање на фискални сметки. Од страна на Единицата за интервентната полиција приведени се пет лица без лични карти, пронајдени се две лица кои поседувале фалсификуван сертификат за вакцинација и 15 лица без сертификат за вакцинација , при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.
Во угостителски објект кај нова железничка станица при извршената контрола во објектот е констатирано дека девет лица не поседуваат сертификат за вакцинација, затечено е едно малолетно лице. Од страна на УЈП е констатирано дека има нерегуларности во готовинскиот промет за што ќе им биде изречена парична глоба. Од страна на ДПИ беше констатирано дека во објектот не се почитува законот за пушење, непостапување по здравствени протоколи, затекнати лица без сертификат, при што од страна на ДПИ ќе бидат изречени прекршочни глоби за констатираните прекршоци со издавање на прекршочни платни налози а објектот привремено е затворен.
Во угостителски објект лоциран на ул.Анастас Митрев при извршената контрола од страна на УЈП биле констатирани повеќе нерегуларности односно била евидентирана разлика во готовинското плаќање т.е неиздавање на фискални сметки. Од страна на припадници на МВР е констатирано дека шест лица не поседуваат сертификат за вакцинација, како и три лица кои биле обезбедување биле без соодветни лиценци за работа, при што од страна на ДПИ составен е записник за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба, а објектот привремено е затворен.
Во угостителски објект на ул.8 септември при извршена контрола од страна на УЈП е констатирано неевидентиран промет односно неиздавање на фискални сметки, а од страна на припадници на полицијата е утврдено дека две лица не поседуваат сертификат за вакцинација, од страна на ДПИ за затекнати лица во објектот без сертификат за вакцинација составен е записник при што согласно Законот ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба а објектот е привремено затворен.
Во угостителски објект на ул.Св.Климент Охридски при извршената контрола од страна на УЈП констатирана е разлика во готовинскиот промет односно неиздавање на фискални сметки . Од страна на полицијата утврдено е дека 10 лица не поседуваат сертификат за вакцинација како и малолетници, при што од страна на ДПИ составен е записник за непочитување на мерките согласно Законот за заштита на население од заразни болести за што ќе бидат издадени прекршочни платни налози за наплата на глоба а објектот е привремено затворен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Се вршат разговори и се прибираат докази по трагедијата во Карпош, соопшти Обвинителството
Дежурен јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Скопје извршил увид на локацијата во скопската општина Карпош, каде попладнево животот го загубија жена и малолетно дете по пад од зграда.
Од Обвинителството соопштија дека е наредена обдукција на телата, како и обезбедување и анализа на сите траги и материјални докази, со цел да се утврдат причините и околностите на настанот.
„Јавниот обвинител нареди обдукција на телата на починатите и прибирање траги и докази.
Се вршат разговори со повеќе лица кои би можеле да имаат сознанија за причините за настанот“, соопшти обвинителството.
Македонија
„Денес потфрли целиот наш систем“: се огласи братот на жената која заедно со ќерката паднаа од зграда во Карпош
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство – денес се случи убиство“.
Ова на социјалните мрежи го објави Александар Стојаноски, брат и вујко на починатите мајка и ќерка кои денеска починаа по пад од зграда во скопски Карпош.
Стојаноски во објавата се обрати во име на семејството, обвинувајќи дека институциите потфрлиле, посочувајќи дека жената пријавувала насилство, а институциите не реагирале.
„Иако ми е тешко, сакам да се обратам во име на моето семејство, денес се случи убиство
Денес потфрли МВР, Социјалните служби, денес потфрли целиот наш систем. После години на пријавувано семејно насилство, физичко и психичко насилство врз двете, закани, пријавувања, обид за убиство во сред државна институција, ги загубив внуката и сестрата.
Државата овозможи да згаснат млади животи, ве молам да не шпекулирате што се случило, никој нема да ми ги врати најмилите, но правдата ќе мора да се истера до крај и нема да запреме додека не се случи тоа!
Со оглед на тоа што и покрај сите пријави и случувања, институциите не постапија до сега, барам фокус од јавноста и медиумите за ова, нема да дозволиме да помине само како бројка, правдата мора да го стигне секој еден!
Сестра ми денес требала повторно да иде во социјално, за сите овие работи, а со внуката се слушнавме за Прочка, ми рече – вујче прости ми ако сум ти згрешила нешто … вујчино, прости ми ти, прости на овие неспособни институции, а јас вујче, нема никогаш да простам и да заборавам
Споделете, да не се заборави и изгуби низ нашиот систем“, пишува Стојаноски во објавата.
Топ
Мајка и дете загинаа по пад од зграда во скопски Карпош
Женско лице и нејзиното малолетно дете се пронајдени попладнево починати по пад од тераса во скопски Карпош.
Од Министерството за внатрешни работи го потврдија случајот без дополнителни детали.
„Денеска околу 14:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош од балкон од зграда се фрлиле женско лице и малолетно дете кои починале.
Полициски службеници се излезени на местото на настанот“, потврдија од МВР, најавувајќи повеќе детали по завршување на увидот.

