Црна хроника
Прегазен малолетник во Виничко: го удрил 15-годишник со мопед

Синоќа во 20.10 часот во Полициската станица Виница, било пријавено дека во с.Блатец, виничко, мопед „априлија“ без регистарски таблици, управуван од 15-годишник од с.Блатец, удрил во малолетен пешак од Куманово, по што возачот го напуштил местото на настанот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Виница.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пешак тешко повреден во сообраќајна несреќа во центарот на Скопје

Пешак на возраст од 50 години е тешко повреден во сообраќајна несреќа што утрово се случила во центарот на Скопје, на крстосницата меѓу улиците „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и „Аминта Трети“ (поранешна „Ленинова“), со една од сервисните улици во близина.
Како што информира Министерството за внатрешни работи, околу 07:15 часот, патничко возило од марка фолксваген голф со скопски регистарски таблички, управувано од 37-годишниот А.Б. од Скопје, удрило во пешакот И.Н. (50), исто така од Скопје.
Пешакот со тешки телесни повреди бил пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“, каде биле констатирани повредите.
На местото на настанот извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а за случајот бил известен и дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје.
Причините за несреќата се предмет на понатамошна истрага.
Црна хроника
Трагедија во Прилепско: 13-годишно дете загина во судир на два мопеди во Лажани

Тринаесетгодишно дете го загуби животот, а 14-годишник е тешко повреден во тешка сообраќајна несреќа што се случила вчера утрината во прилепското село Лажани. Несреќата се случила околу 08:50 часот, при судир на два мопеда без регистарски таблички, марка бенели и пежо, управувани од малолетници, двајцата жители на истото село.
Како што соопшти Министерството за внатрешни работи, судирот се случил на локален пат, при што 13-годишниот возач починал од здобиените повреди. Смртта била констатирана во Градската болница во Прилеп. Вториот учесник во несреќата, 14-годишно момче, е хоспитализиран со тешки телесни повреди, но се наоѓа надвор од животна опасност.
На местото на настанот извршен бил увид од јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп. Телото на починатото дете е предадено на обдукција.
Црна хроника
Приведен крадец кој ограбувал каса во продажен објект

Кавадарчанец бил приведен но полиција откако бил фатен во обид за земе пари од каса во продажен објект, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
– Вчера попладне во 16.40 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, го лишиле од слобода кавадарчанецот Ј.Ф.(22) , кој во продажен објект во градот бил фатен од вработен, во обид да одземе пари од касата во објектот. Ј.Ф. бил приведен во полициска станица и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопштија од СВР Велес.