Црна хроника
Предизвикале пожар крадејќи бакар: кривични пријави за малолетник и уште двајца кумановци

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Р.Р.(29), А.А.(28) и 14-годишник, сите од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,предизвикување општа опасност’’.
Имено на 13.07.2025 на место викано ,,Бавчи’’ во Куманово, пријавените запалиле кабли со цел вадење бакар, при што огнот се проширил и зафатил сува трева во околината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Куманово, пронајдена марихуана, лишено до слобода едно лице

Вчера во 19:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Ф.Р.(43) од Куманово.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, пронајдена и одземена е марихуана.
Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсени татко и син од Тетово: пронајдени марихуана и пиштол

Вчера во 15:40 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишија од слобода 23-годишниот А.В. од Тетово, затоа што кај него е пронајдена и одземена марихуана.
Подоцна, со судска наредба, извршен е претрес во неговиот дом во Тетово, каде бил присутен неговиот татко Б.В.(46), при што се пронајдени пиштол и две рамки сo шест и седум куршуми, без документација.
И Б.В. е лишен од слобода и по документирање на настаните, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Малолетник од Струмица превезувал мигранти од Египет и Сирија: уапсен е и тој и 18-годишник од Богданци

Вчера околу 22:10 часот кај место викано „Дубрава“, полициски службеници од Полициската станица за гранични премин и гранична контрола Дојран ги лишија од слобода Ф.М.(18) од Богданци и 17-годишник од Струмица.
Претходно, полициските службеници ги забележале лицата како со патничко возило „опел“ со велешки регистарски ознаки, кое го управувал малолетникот, а сопатник бил Ф.М., превезуваат мигранти.
Подоцна, пред Богданци, возилото е запрено и лицата се лишени од слобода. Во службен разговоро тие го признале делото и изјавиле дека превезувале осум лица мигранти, од кои шест од Египет и двајца од Сирија. По преземени мерки и мигрантите се пронајдени и спроведени во прифатно –транзитен центар во Гевгелија, додека лицата се задржани во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.