Црна хроника
Претреси во Охрид – приведен дилер на дрога и оружје
Вчера околу 21.30 часот во Охрид, пред угостителски објект кај бензинска станица, од страна на полициски службеници од Оддел за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи, во координација со Одделот за специјални полициски операции-Единица за специјални задачи и СВР Охрид – Оддел за недозволена трговија со дрога и оружје бил уапсен А.И.(44) од Охрид, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела недозволена трговија со дрога и оружје.
При извршен преглед кај него и на неговото возило биле пронајдени марихуана и два ножа, а при претреси во неговиот и домот на неговата сопруга, извршени по претходно издадени судски наредби од Судија на претходна постапка од Основен суд Охрид, биле пронајдени и одземени марихуана, дигитална вага со остатоци од марихуана и 331 парче распрскувачки материи.
По завршување на претресот, А.И. е приведен во Полициска станица Охрид, а по комплетирање на целокупната документација ќе му бидат поднесени кривични пријави за сторени Кривични дела по член 215 и чл. 396 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ги претепале играчите од гостинскиот клуб: уапсени две лица од Кумановско
Вчера во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишија од слобода О.Д.(32) и Е.А.(18), двајцата од Куманово, играчи на фудбалскиот клуб „Беса“ од с.Слупчане, општина Липково.
Тие на фудбалски натпревар во с.Слупчане физички нападнале играчи од гостинскиот клуб ФК „Аеродром“ од Скопје.
СВР Куманово презема мерки за откривање на сите инволвирани и за целосно расчистување на случајот, по што против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Нападнати баба и внука во Чаир
Вчера во 12:30 часот во СВР Скопје, А.Ф.(72) од Скопје пријавила дека на 25.10.2025 околу 17:00 часот во домот на подрачјето на Чаир, таа и нејзината внука А.Ф.(18) биле физички нападнати од Ј.И., Е.О.И., С.И. и С.И..
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со оружје го нападнале и опљачкале кај наплатната рампа „Миладиновци“
Вчера во 06:20 часот во СВР Скопје, Б.Н.(26) од Кичево пријави дека на автопатот „Пријателство“, во близина на наплатна рампа „Миладиновци“, општина Петровец, додека бил паркиран во патничко возило, пет машки лица застанале со друго патничко возило и со закана со огнено оружје му одзеле пари и други предмети.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

