Црна хроника
Претреси кај две лица во Кавадарци, пронајдена дрога
Приведени се двајца жители на Кавадарци кога при претрес на лицата и во нивните домови полицијата пронашла дрога.
„На 3.3.2021, во 15.30 часот, во Кавадарци, полициски службеници од СВР Велес извршиле преглед над Д. Б. (21) од Кавадарци, при што кај него биле пронајдени амфетамин и марихуана. Потоа, во периодот од 15.45 до 16.45 часот, врз основ ана судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Д. Б., при што биле пронајдени и одземени повеќе пакувања со марихуана, таблети, кеса со прашеста материја, дигитална вага, поголема количина зипер-кеси за пакување и денари во разни апоени.
Истиот ден, во периодот од 15.15 до 16 часот, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес и во домот на В. П. (30) од Кавадарци, при што биле пронајдени и одземени марихуана, бела грутчеста материја, кафеава грутчеста материја, повеќе таблети…
Поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, Д. Б. и В. П. биле лишени од слобода и приведени во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

