Црна хроника
Претрес во Сингелиќ, пронајдена дрога и приведени три лица
Полицијата изврши претрес во дом и други простории во Сингелиќ и пронајде дрога поради што уапси и три лица.
„На 5.7.2021, од страна на Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за недозволена трговија со дроги, оружје и опасни материи, во содејство со СВР Скопје – Единица за недозволена трговија со дрога и оружје, беа лишени од слобода А. А. (61) Б. А. (22), Л. А. (21), сите од Скопје. При извршен претрес на домот и другите простории, врз основа на судска наредба, на подрачјето на Сингелиќ во Скопје, кај А. А. (21) од Скопје, кој не бил затекнат дома, била пронајдена марихуана. Трите лица се приведени, а за едно лице е распишана потрага“, соопшти МВР.
По комлетирање на целокупната документација за кривично-правниот настан, од страна на СВР Скопје до надлежното Јавно обвинителство ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Скопјанка со нож нападната од нејзиниот татко
На 02.03.2026 во 18:45 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена од Скопје пријави дека околу 15:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од нејзиниот 79-годишен татко, кој со остар предмет и упатувал закани, при што сам се повредил од невнимателност.
Во 20:00 часот, според полицијата, 79-годишен маж од Скопје пријавил дека околу 15:00 часот во семејниот дом неговата ќерка насилно му го одзела мобилниот телефон, при што почнале меѓусебно да се туркаат, а неговиот зет физички го нападнал.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Загина жена од Злетово: ја прегазил „мерцедес“
Вчера во 15:33 часот во ОВР Пробиштип е пријавено дека на ул.„Пониква“ во Злетово, на место викано „Клапчово маало”, Р.З.(50) од с.Неокази, пробиштипско, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со пробиштипски регистарски ознаки, удрил во пешакот З.А.(59) од с.Злетово, пробиштипско.
Од здобиените повреди на местото на несреќата починала З.А., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт.
По наредба на јавен обвинител, телото на почината е предадено на Судската медицина за обдукција.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа на ОВР Пробиштип.
Црна хроника
Уапсен Турчин: во патничко возило превезувал пет лица мигранти
Вчера вечер во 23:00 часот на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гевгелија го лишија од слобода 46-годишниот Ф.С. од Република Турција.
При сообраќајна контрола, полициските службеници запреле патничко возило „дачија“ со албански национални ознаки, кое го управувал, при што во возилото биле затекнати пет лица мигранти, од кои четири лица од Авганистан и едно лице од Турција.
Лицето е приведено изадржано во Полициската станица Гевгелија, а по целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

