Црна хроника
Претрес во Скопје, пронајдена дрога, приведено едно лице
Приведен 29-годишен скопјанец кај кого била најдена дрога.
Според информациите од МВР, синоќа во 18:30 часот, полициски службеници од СВР Скопје – Единица за недозволена трговија при претрес во домот на Ш.С., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени кафеава прашеста материја и дигитална вага.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Оружје најдено на нива во струшко
Вчера во струшката полиција било пријавено дека во нива покрај локалниот пат меѓу струшките села Ливада и Корошишта бил пронајден пиштол марка „застава“, калибар 6.35 милиметри, како и пет куршуми.
Увид на местото извршиле полициски екипи, по што пронајдените предмети се подигнати за натамошна постапка.
По целосно расчистување на настанот, ќе следи соодветен поднесок.
Црна хроника
Тешка кражба во барака на „Паркови и зеленило“: украдени неколку парчиња огнено оружје
Вчера околу 09:00 часот во СВР Скопје, од Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ во Скопје е пријавено дека во периодот од 02.01.2026 до 05.01.2026 во барака на подрачјето на Карпош, сопственост на Јавното претпријатие, со употреба на физичка сила и алат е извршена тешка кражба, при што од сефот биле одземени неколку парчиња на огнено оружје, кои биле користени од Службата за обезбедување на јавното претпријатие.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Семејно насилство во скопско: жената го истепала сопругот
Вчера полициски службеници од СВР Скопје извршиле службен разговор со двајца сопружници од скопско, постапувајќи по претходна пријава од 37-годишен маж дека на 01.01.2026 во семејниот дом во скопско, по претходна расправија, бил нападнат од неговата 33-годишна сопруга.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.

