Црна хроника
Претрес во Струмичко, пронајдена дрога
Вчера во 23.15 часот во село Иловица, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М (34) од село Иловица.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага. Лицето било задржано во Полициската станица Струмица и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По целосно документирање на случајот, против Т.М ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
18-годишник прегазен во Штип: возачот избегал, но полицијата го пронашла
Вчера во 20.20 часот во СВР Штип било пријавено дека на крстосница на ул.„Панче Караѓозов со ул.„Широк Дол“ во Штип, патничко возило „цитроен ц2“ со штипски регистарски ознаки, удрило во пешакот Џ.Е.К.(18) од Република Турција, со привремен престој во Штип, по што возачот го напуштил местото.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Штип.
По преземени мерки и активности, полициски службеници го пронашле возачот С.О.(44) од Штип и неговото патничко возило и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Штип.
Црна хроника
Приведени дрвокрадци во радовишко, следува соодветна пријава
Вчера во 12.20 часот во атар на село Бучим, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица – ОВР Радовиш ги лишиле од слобода М.О.(69) и Ш.Ј.(45), двајцата од село Бучим. Тие биле затекнати при вршење бесправна сеча на дрва, кои ги товарале во трактор со приколка.
Од вработени во Шумска полиција Радовиш тракторот и приколката биле одземени, а при лишувањето, Ш.Ј. агресивно се однесувал кон полициските службеници.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Топ
(Видео) Уапсен е напаѓачот кај Транспортен за кој се пишуваше на социјалните мрежи
Вчера во 06.15 часот во с.Кучевиште, скопско, полициски службеници од Единицата за интерветна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Д.П.(26) од с.Кучевиште, скопско.
Тој се сомничи дека во текот на 2024 година во околината на Транспортен центар во Скопје извршил повеќе кривични дела дела „разбојништво“ и „тешка краба“ на дрзок начин и за него на социјални мрежи пишуваа граѓаните.
Тој бил задржан во Полициската станица Аеродром и во консултација со јавен обвинител против е него е поднесена кривична пријава по брза постапка.
Судија на претходна постапка му определил мерка притвор од 30 дена, по што бил спроведен во Казнено – поправната установа Затвор Куманово за издржување на мерката.