Црна хроника
Приведена скопјанка барана со потерница
Скопјанка по која била распишана потерница била приведена од страна на полицијата.
Имено, денеска, во 9.35 часот, на улицата Трета македонска бригада во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим – Потраги ја лишиле од слобода О. Л. (37) од Скопје, која е барана со потерница од Основен суд – Скопје 1 за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Радовиш, пронајдена е марихуана: уапсен 25-годишник
Вчера во 12:35 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода 25-годишниот Д.Л. од Радовиш.
Врз основа на судска наредба извршен е претрес во неговиот дом, при што се пронајдени повеќе различни пакувања со марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана. Лицето е задржано во Полициската станица Радовиш и за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш.
По документирање на случајот следува соодветна пријава.
Црна хроника
Уапсен маж од струмичко, со ловечка пушка усмртил куче
Вчера во 17:00 часот во с.Куклиш, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Д.Б.(50) од истото село, соопшти МВР.
Тој се сомничи дека околу 14:00 часот испукал еден истрел од ловечка пушка, при што усмртил куче, сопственост на М.Ѓ. од с.Куклиш.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Струмица и ветеринарен лекар. Од Д.Б. е одземена пушката и по документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Нуркачи спасиле двајца верници кои се фрлиле по крстот во Вардар во Скопје
Нуркачите спасија двајца верници кои вчера се фрлаа по крстот во водите на реката Вардар во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 12:30 часот на кеј на реката Вардар во Скопје, при одржување на верска манифестација по повод празникот Водици, П.А.(20) од с.Визбегово, скопско и Х.П.(27) од с.Сопиште, скопско, кои учествувале на манифестацијата и влегле во водата, почнале да се дават, по што од нуркачки тимови биле извадени надвор од водата.
Двајцата со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје.

