Контакт

Црна хроника

Приведени двајца крадци од Липковско

Објавено пред

Во текот на вчерашниот ден, во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А. С. (18) и Н. М. (19), двајцата од село Слупчане, Липковско.

dobivaj vesti na viber

Тие се сомничат дека на 28.2.2023 со употреба на сила влегле во продажен објект во село Романовце и одзеле повеќе предмети.

А. С. и Н. М. биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе следуваат соодветни пријави.

Топ

МВР со информации за несреќата кај „Борис Трајковски“: повредени се две лица

Објавено пред

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа на булеварот 8-ми Септември во близина на спортскиот центар Борис Трајковски.

dobivaj vesti na viber

Според информациите од МВР за „Макфакс“ во несреќата учествувале три возила: „сеат“, „фиат“ и уште еден „сеат“.

Според првичните информации повредени се две лица.

Како што и претходно објави „Макфакс“, карактерот на повредите засега е непознат.

Во тек е увид.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

(Фото) Несреќа кај салата „Борис Трајковски“: Распрскано стакло, укажувана прва помош

Објавено пред

Два автомобили се судрија на булеварот „8 септември“ во близина на спортскиот центар „Борис Трајковски“. Од првичните информации, има повредени лица. Карактерот на повреди – засега е непознат.

dobivaj vesti na viber

Возилата се оштетени. На едното од нив, марка „сеат“, пукнато е стаклото од страната на возачот и истото е распрскано на булеварот. Паднат е и фар од едно од возилата. Била укажувана и прва помош, а на улицата се остатоци од гази, како и лични предмети.

„Макфакс“ побара информации од МВР за несреќата, од каде најавија информации за наскоро.

Прикажи повеќе...

Црна хроника

Глутница кучиња нападнаа маж во Кичево, со тешки повреди пренесен е во болница

Објавено пред

Маж се здобил со тешки повреди по напад на повеќе кучиња во Кичево.

dobivaj vesti na viber

За време на нападот, 24-годишниот кичевец паднал по што бил пренесен во Општа болница во Кичево каде му биле констатирани тешки телесни повреди, велат од МВР.

Нападот, како што информираат од полицијата, се случил синоќа на улицата „Јанко Михајлоски“ во Кичево.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

На нож дочекано разрешувањето на кардиохирургот Јовев: „Не вирее професионалец овде“, „Меџити, добар ли си со глаата?!“

Разрешувањето на кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија наиде на бурни реакции во јавноста, како од фелата, така...

Македонија12 часа

Мицкоски: Ќе дојдам на лидерска и ќе кажам не за уставни измени по бугарски диктат

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашната дебата во Велес насловена како „Развојни политики за стабилна економија“ се осврна за...

Топ13 часа

МВР со информации за несреќата кај „Борис Трајковски“: повредени се две лица

Две лица се повредени во сообраќајната несреќа на булеварот 8-ми Септември во близина на спортскиот центар Борис Трајковски. Според информациите...

Македонија14 часа

Останува во притвор првиот уапсен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“

Притворот на скопјанецот осомничен за двојното убиство во чаршиското кафуле „Шиша бар“ е продолжен на 30 дена. Од Обвинителството за...

Македонија16 часа

(Видео) Функционерите во хотел, фракционерите под шатор на дожд – две роденденски прослави на ДУИ

Додека функционерите за роденденот на ДУИ се собраа во хотелот „Александар палас“ во Скопје на дебатата „Европски фронт“, фракционерите се криеја под шатор...

Регион16 часа

Пукање во Љубљана, две лица убиени, главниот град на Словенија под полициска опсада

Истрели одекнале во Љубљана околу 15 часот, јавува N1 Словенија. Како што соопштија од полициската управа во Љубљана, две лица...

Македонија18 часа

Меџити за разрешениот Јовев: Тој е кадар на Венко, нема да има директори што спијат, ова е само почеток

Министерот за здравство, Фатмир Меџити, го разреши кардиохирургот Сашко Јовев од функцијата директор на Кардиологија и предводник на тимот што...

Македонија18 часа

Силувал шестгодишно девојче, ресенец искористил можност додека жртвата си играла со неговата внука

Основното јавно обвинителство Битола донесе наредба за спроведување истражна постапка против жител на Ресен против кого е поднесена пријава за...

Македонија19 часа

(Видео) Дамева против сите во Судскиот совет: Ниту треба ниту сум морала да знам за судските постапки на мојот сопруг, дома не разговараме за тоа

Експретседатеката на Судскиот совет, Весна Дамева, на денешната седница повторно е во центарот на вниманието на колегите, кои инсистираа да...

Македонија20 часа

(Видео) Условни казни за директорите Бесими и Етеми за пожарот во тетовската болница, докторот е ослободен

Ексдиректорот на болницата во Тетово, Флорин Бесими и поранешниот економски директор на болницата Артан Етеми се огласени за виновни за...

Македонија21 час

(Видео) Нови циркуси во Судскиот совет – хајки, нервоза, довикувања и расправии

Нови расправии и обвинувања во Судскиот совет. Точка на дневен ред е судирот на интереси на експретседателката Весна Дамева за...

Македонија22 часа

Жирафата Каспер пцовисала од салмонела во скопската Зоолошка градина

Жирафата Каспер пцовисала од инфекција со салмонела, дознава „Макфакс“. Според патохистолошката анализа до која дојдовме, Факултетот за ветеринарна медицина констатирал...

Свет24 часа

Гори енергетска централа во Белгород, дрон фрлил бомба, тврди руски гувернер

Гувернерот на рускиот град Белгород соопшти дека во тој регион избувнал пожар во енергетска централа. Вјачеслав Гладков, гувернерот на Белгород,...

Вести24 часа

Србите десетти ден околу општинските згради во Косово, ситуацијата не се смирува

И денеска Србите се собираат во близина на зградите на локалната самоуправа на северот од Косово, каде што се спречени...

Свет24 часа

Русија тврди дека спречила голема украинска офанзива: „Се обидоа да навлезат таму каде што сме најранливи“

Руските воени власти соопштија дека спречиле голема украинска офанзива во регионот Донецк. „Целта на непријателот беше да ја пробие нашата...

Вести24 часа

Детали за драмата на небото над Вашингтон: пилотот на „цесна“ не реагирал, подигнати воени авиони, го пробиле звучниот ѕид за време на потерата

Воздухопловните сили на САД ги активираа борбените авиони „Ф16,“ за да го гонат лесниот патнички авион „цесна“, кој го наруши...

Македонија24 часа

21 година постоење – ДУИ и фракцијата со одделни прослави

Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска одбележува 21 година од своето основање. Од раководството на ДУИ соопштија дека организирале панел-дискусија...

Свет2 дена

(Видео) Илјадници Полјаци излегоа на улица во Варшава на протест против власта

Илјадници Полјаци од целата земја се собраа во Варшава на голем марш на покана на лидерот на опозицијата и поранешен...

Македонија2 дена

Сопственикот на „ДоказМ“ однесен во „Идризово“, сајтот исклучен, доменот сѐ уште во негова сопственост

Марјан Стаменковски од „ДоказМ“ намалената затворска казна, започна да ја издржува во затворот „Идризово“. Истовремено, се уште не е спроведена...

Македонија2 дена

Денови се бројат до одлуката на Врховен дали аболициите од Иванов ќе важат

Иднината на аболициите дадени од експретреседателот Ѓорѓе Иванов ќе се знае пред почетокот на судската ферија, а до крајот на...