Црна хроника
Приведени двајца светиниколци, краделе пари во цркви

Двајца светиниколци се приведени поради извршена тешка кражба во црквите „Свети Николај“ и „Свети Прохор Пчињски“ во Свети Николе.
Тие извршиле тешка кражба во двете цркви, од каде што ги одзеле парите што биле оставени на иконите. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Маж најден починат во домот во Гевгелија

Во куќа во село Селемли, гевгелиско, вчера бил пронајден починат 43-годишен маж.
Од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт, а увид на местото извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гевгелија.
По наредба на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија телото било предадено на обдукција.
Црна хроника
Пензионерка нападната во Автокоманда по расправија

Р.С.(78) од Скопје пријавила во полицијата дека вчера околу 17.00 часот на подрачјето на Автокоманда била физички нападната од женско лице.
Според пријавеното, на нападот претходна расправија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, извести МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Пешак се здоби со тешки повреди по удар од автомобил во Гостивар

Возило управувано од 70-годишник удруи во малолетен пешак од селото Речане.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила денес во 11 часот на улицата ЈНА во Гостивар.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Гостивар .
Извршен бил увид.