Црна хроника
Приведени двајца тетовци за незаконско реемитување ТВ-програми

Полицијата вчера ги привела В. О. (33) и Б. О. (53) од Тетово поради сомнеж дека сториле кривично дело повреда на авторско право и сродни права.
„При претрес извршен со судска наредба во домот и помошните простории на В. О. на улицата 185 и во неговите деловни објекти на улицата Илинденска и улицата 120 во Тетово, пронајдена и со потврда е одземена разновидна опрема, која ја користел за реемитување телевизиски програми, односно преку посебен портал им препродавал ИП-телевизиски канали на заинтересирани корисници“, велат од МВР.
Повеќе парчиња разновидна опрема и други предмети одземени се и при претресот кај Б. О., кој исто така користел ИП-телевизиски портали за рееметување домашни и странски канали и од претплата на заинтересирани клиенти остварувал противправна имотна корист.
Од двајцата тетовци се одземени лаптопи, компјутерски куќишта, рисивери, УСБ-иња, андроид-бокс и друга опрема. По целосното рачистување и документирање на случајот, на В. О. и Б .О. ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.