Црна хроника
Приведени деветмина поради дрога во неколку полициски акции

Деветмина се приведени поради дрога во неколку полициски акции во земјава. Како што информира МВР, изутринава по полноќ, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Коце Металец“, ги привеле Б.Е.(20) од Демир Капија и В.С.(20) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена марихуана. Во 2.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на општина Карпош го лишиле од слобода В.Д.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена бела прашкаста материја.
Вчера во 18.15 часот, полициски службеници од Полициска станица за граничен надзор Блаце, на локалниот пат од Скопје за с.Блаце, ги лишиле од слобода С.М.(25) од Скопје и М.А.(30) од Тетово, затоа што при извршен преглед кај нив биле пронајдени марихуана и прашкаста материја.
Вчера бил приведен и Д.И.(60) од Тетово, поради тоа што при извршен претрес во неговиот дом и помошните простории на ул.Јордан Златановски во Тетово, од полициски службеници од СВР Тетово била преонајдена кафеава прашкаста материја.
На 15.11.2019 во 14.30 часот биле приведени Н.И.(19), С.Р.(19), И.Р.(24) од с.Калиште, Тетовско и М.И.(19) од с.Чегране, Тетовско, кај кои при преглед од страна на полициски службеници од Полициска станица Гостивар била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајите, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Фото) Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, уапсени три лица

Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица во координација со Агенцијата за национална безбедност, а во согласност со своите законски овластувања, постапувајќи по наредба на јавен обвинител на 30.06.2025 во 18.30 часот на ул. „Климент Охридски“ во Струмица ги лишија од слобода Е.Б.(32) од село Попчево, струмичко и А.С.(39) и А.С.(24) од скопско.
При преглед на патничко возило „голф“ со фалсификувани регистарски ознаки, управувано од Е.Б., биле пронајдени шест торби со 100 пакувања марихуана, со вкупна тежина од околу 100 килограми.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица.
По документирање на случајот, во текот на денот ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред судија од Основен суд Струмица, соопштија надлежните.
Црна хроника
Тројца повредени, меѓу нив и малолетник: „митцубиши“ управувано од 18-годишник излета од патот во Демир Капија

Синоќа во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од Н.Д.(18) од Демир Капија, излетало од коловозот.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци.
Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино.
Црна хроника
Три автобуси и комбе опожарени во близина на бензинска пумпа во Кочанско

Денеска (01.07.2025) во 02.30 часот во СВР Штип е пријавено дека кај бензинска пумпа во нас.Оризари, кочанско се опожарени три автобуси и едно комбе, сопственост на приватна фирма.
Пожарот е изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Штип. Повредени лица нема.
Полицијата соопшти дека во текот на денот ќе биде извршен увид од увидна екипа од ОВР Кочани.