Црна хроника
Приведени крадци од Гостиварско

Полицијата уапсила три лица, сите од Гостиварско, поради сомнение дека извршиле кражба во Маврово.
Вчера во периодот од 8:00 до 10:00 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар ги лишиле од слобода И.З.(36), И.З.(39) и М.З.(70), сите од гостиварското село Врбен, поради сомнение дека пред неколку дена одзеле различни предмети од викенд-куќа во Маврово.
Најголемиот број од предметите биле пронајдени кај нив и ќе му бидат вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
(Видео) Пет лица повредени, двајца потешко – епилог од несреќата на автопатот Тетово-Скопје

Пет лица се повредени во несреќата кај тетовски Групчин, велат од МВР за „Макфакс“.
Според информациите од терен, две лица имаат и тешки повреди.
Првичните информации укажуваат дека автомобилот „рено“ се превртел откако излетал од патот. Засега нема информации за второ возило кое учествувало во несреќата.
„Станува збор за патничко моторно возило “Рено 19” со скопски регистарски ознаки што го управувала З.М.(20) од скопско Морани. Повредите се констатирани во тетовската Клиничка болница. На местото на несреќата, во координација со јавен обвинител, увид врши екипа од СВР Тетово“, велат од МВР за „Макфакс“.
На терен и натаму има полициски службеници.
Црна хроника
Товарно возило изгубило контрола, ја пробило оградата и паднало во реката Вардар, информира ЦУК

Секторот за операции и координација на ЦУК, информира дека околу 18:00 часот товарно возило, движејќи се на регионалниот патен правец с.Зелениково-с.Таор, изгубило контрола ја пробило оградата и паднало во реката Вардар.
Градоначалникот на Општина Зелениково, Коста Маневски, со своите соработници веднаш излегле на терен и направиле соодветно одбележување на оштетениот мост, што претставува потенцијална опасност за движење на возилата и пешаците коишто поминуваат по него.
„Од страна на Секторот за операции и координација на ЦУК во координација со Градоначаникот на Општина Зелениково известени се Јавното претпријатие за оддржување на магистралните и регионалните патни правци се со цел за превземање на мерки и активности во нивната надлежност“, велат од ЦУК.
Им било посочено дека е потребно итно да се излезе на местото на настанот за да се постави соодветно одбележување и сигнализација, а во најкраток можен рок да се изврши санација на оштетената ограда се со цел да не дојде до несакни последици врз возилата и населението.
„Екипата на ЈП за одржување на магистралните и регионалните патни правци во моментот се на терен, вршат увид и постапуваат соодветно нивните надлежности. Инаку, за сега, според информациите од терен, нема жртви при настанот“, информира ЦУК.
Топ
(Видео) Еден загинат, повеќе повредени во тешката сообраќајна несреќа на патот Охрид-Кичево

Еден загинат и повеќе повредени лица е билансот од тешката сообраќајна несреќа што се случи кај Ботун, на патот Охрид-Кичево. Според полицијата во неа учествувале три возила.
„ Се случи сообраќајна несреќа, увидот е во тек “, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид за „Макфакс“
Според првичните информации на репортерот на “Макфакс“ во несреќата учествувало товарно комбе кое се судрило со автомобил марка „Фолксваген“.
На местото на несреќата беа присутни повеќе луѓе, како и Брза помош, кои им укажуваа помош на патниците.