Црна хроника
Приведени крадци што украле пари од банкомат во Гостивар

СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар ја расчисти тешката кражба која на први минатиот месец беше извршена од банкомат, поставен во маркет во Гостивар и до Основното јавно обвинителство Гостивар поднесе кривична пријава против пет лица: М.А.(32) и Р.Р.(33) од скопско Долно Свиларе, Н.Р.(47)и А.Б.(36) од скопско Арачиново и против 24-годишната М.К од Република Албанија. Н.Р и А.Б. изутринава се лишени се од слобода, а Р.Р. издржува притвор за друго кривично дело.
Пријавените се сомничат дека со употреба на сила од банкомат одзеле милион и 800 илјади денари. Приведените со соодветен поднесок денеска ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка во Основниот суд Гостивар, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Мајка ја држела 16-годишната ќерка заклучена во стан во Скопје, полицијата ја приведе

Четириесет и четиригодишна скопјанка е приведена поради запуштање и малтретирање својата 16-годишна ќерка.
Девојката била подолго време заклучувана во домот и не добивала соодветна нега од родителот, велат од полицијата.
„На малолетничката веднаш ѝ е пружена соодветна помош и е сместена во здравствена установа, каде што е згрижена, а по службена должност ќе ѝ биде определен старател“, соопшти МВР.
Мајката била приведена, а потоа пренесена во психијатриска установа „Бардовци“, каде е задржана до понатамошна постапка. Против неа ќе биде поднесена кривична пријава, а се преземаат и дополнителни мерки и активности.
Црна хроника
Фатени малолетници кои краделе во трговски центар во Скопје

Полицијата приведе две малолетни лица од Скопје, поради тоа што извршиле тешка кражба во продажен објект во трговски центар.
Од МВР информираат дека украдените предмети се одземени и вратени на сопственикот.
По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена пријава за тешка кражба.
Црна хроника
Две лица се потешко повредени во сообраќајна несреќа во Прилеп

Две лица на возраст од 18 и 26 години се здобија со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа што се случи утрово околу 4.30 часот на булеварот Гоце Делчев во Прилеп.
Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале патничко возило „мерцедес“, управувано од А.М.(24) од Прилеп и возило „опел зафира“, управувано од А.Т.(45) од Прилеп.
„Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле Ф.В.(26) и Д.А.(18), двајцата од Прилеп, сопатници во возилото „мерцедес“, додека со телесни повреди се здобил возачот на истото возило, констатирани во Општата болница во Прилеп“, информираат од полицијата.
Увид на местото извршила екипа од Полициската станица Прилеп.
- Книги1 месец
Македонски лекар ја објави последната исповед на Јосип Броз Тито
- Македонија3 месеци
Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април
- Македонија2 месеци
МЖСПП: Мечкиното грозје важен ресурс, кој треба грижливо да го собираме
- Црна хроника2 месеци
Млада девојка од Штип пронајдена мртва во нејзиниот дом
- Економија3 месеци
(Видео) Младите од Струмичко порачуваат – ако не проработи рударскиот комплекс, ќе се иселиме сите
- Македонија1 месец
(Видео) Отстранети два нелегално изградени објекта во општина Центар
- Македонија4 недели
Возачот на „бентлито“ што „влета“ на плоштад казнет со 45 евра, објавена фотографија од записникот
- Спорт3 месеци
Гетџи: По мечот со Хабиб, мојата мајка конечно ќе може да се пензионира