Црна хроника
Приведени четворица Косовци кои со телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“

Вчера попладне на тетовската улица „Фуштанска“ четири лица од автомобил „фолксваген голф“ со косовски регистарски ознаки со мобилен телефон ја снимале касарната „Кузман Јосифовски Питу“.
Притоа реагирало обезбедувањето на касарната, а лицата побегнале. По околу еден час од настанот, на регионалниот пат Тетово – Јажинце, кај селото Глоѓи, полиција го сопрела „голфот“ во кој се превезувале Косовците Х.Б. (48), Ф.Л. (36), Ј.Л. (74) и Ф.Л. (28), по што биле приведени во тетовската полициска станица. Органите преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанка измамила странец: му дала клуч од туѓ стан, тој и’ платил без да го види, па не можел да отклучи

21-годишник од Република Турција пријавил во полицијата дека бил измамен од женско лице од Скопје.
Според пријавеното, откако на 29 ноември на социјалната мрежа Фејсбук видел дека жената изнајмува стан, стапил во контакт со неа и договориле средба.
Како што е пријавено, на средбата тие се договориле да го изнајми станот, по што и дал 200 евра и земал клуч од станот, но не отишле да го видат затоа што наводно имало станари. Според пријавеното, на 2 декември тој отишол до станот, но не можел го отвори со клучот, по што ја побарал телефонски, но не му одговорила и сфатил дека е измамен.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Средовечна жена од Валандово го нападнала сопругот, полицијата ја приведе

Полицијата доцна синоќа во Валандово приведе 50-годишна жена од градот затоа што физички го нападнала нејзиниот сопруг.
За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
Црна хроника
Охриѓанец заврши во полицијата поради сомнеж дека со автомобилот удрил во сограѓанин по расправија

Со охриѓанец бил извршен службен разговор во текот на вчерашниот ден поради сомнеж дека со автомобилот намерно удрил во сограѓанин.
Од МВР велат дека се работи за 45-годишен маж од Охрид за кој постои сомнеж дека во градот, по претходно недоразбирање, со неговото возило го удрил Д.Т.(22) .
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.