Црна хроника
Приведено лице од Тетовско за издржување затворска казна

Денеска, околу 12 часот, во тетовско Копанце, полициски службеници на СВР Тетово го привеле лицето Б. З. (33) од ова село, осуден на четиригодишна затворска казна за сторено кривично дело неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи, казниво според Кривичниот законик.
По приведувањето, реализирано со судска наредба, лицето Б. З. денеска ќе биде спроведено во затворот „Идризово“ во Скопје за издржување на казната, информираат од Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопјанец злоупотребил лични податоци на поранешната сопруга, заработи кривична пријава

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П.(40), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци” по член 149 од Кривичниот законик.
На 22.09.2023, без согласност од неговата поранешна сопруга, ги злоупотребил нејзините лични податоци и на Фејсбук профил на нејзината сестра напишал коментари со навредлива содржина, како и фотографии од налози за исплата на парични средства на кои се наоѓале нејзините лични податоци, со што ги направил јавно достапни.
Црна хроника
Расчистени шест тешки кражби во Прилеп, двајца приведени

Вчера, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп – Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода 35-годишниот Е.Б. и 39-годишниот О.М., двајцата од Прилеп, извести МВР.
Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети, соопшти МВР.
Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на настаните против лицата ќе следува соодветна кривична пријава.
Црна хроника
Приведено лице од кумановско при обид за илегален влез во државата, превезувал производи без документација

Вчера вечер во 21.00 часот, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Белановце при Регионалниот центар за гранични работи Север го лишиле од слобода З.М.(44) од село Черкези, кумановско, извести МВР.
– Во атар на село Злокуќане, липковско, тој бил затекнат при обид илегално да оствари влез од Косово во Република Северна Македонија со возило „мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки. Додека, при преглед во возилото била пронајдени производи без потребната документација, соопшти МВР.
Пронајденото било одземено и предадено на Царинската управа за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок.