Црна хроника
Приведен бегалец од затвор, бил осуден за убиство на казна од осум години

Денеска во 08.50 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го привеле А.Б.(41) од Тетово.
Тој бил осуден на осум години казна затвор за сторено кривично дело „убиство“ по член 123 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на судска наредба заради бегство од Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје, каде што имал за доиздржување една година и шест месеци од казната.
Лицето било спроведено во Казнено – поправната установа Затвор Идризово Скопје за доиздржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Крадец на чанти приведен во Битола

Полицијата го приведе С.С.(23) од Битола кој се сомничи за три кражби на чанти во градот со употреба на сила
„С.С. на крстосницата од улиците „Мирка Гинова “, „Ѓорги Наумов” и „Солунска“ од А.В. (27) од Битола со употреба на сила одзел чанта. Околу 15.30 часот на крстосницата од улиците „Партизанска” и „Македонска фаланга” кон село Кравари, С.С. од С.К.(56) од с.Кравари со употреба на сила одзел чанта, а потоа на ул. „Партизанска“ и од Л.М.(57) од Битола одзел чанта и ја турнал на земја“, соопшти МВР.
Веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Битола и С.С. е лишен од слобода. По документирање на настаните, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Фатени малолетници кои со автоматска пушка пукале кон куќа во Тетово

Полицијата на регионалниот пат Тетово-Попова Шапка, на влез во селото Гајре, приведе двајца малолетници за пукањето што се случи во понеделникот.
„На 26 мај околу 21.15 часот на улица „111“ во Тетово пукале со автоматска пушка во правец на куќа, сопственост на М.Т. од Тетово“, соопшти МВР.
Малолетниците се задржани во полициска станица, известен е јавен обвинител и во присуство на службеници од Центарот за социјални работи извршен е службен разговор. По документирање на случајот ќе биде поднесена пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Штип

Полицијата во текот на вчерашниот ден го приведе А.С.(34) од Штип.
Полициски службеници извршиле претреси во домот на А.С. и во дворно место од куќа на подрачјето на Штип, како и во семејна куќа во с.Дулица, општина Македонска Каменица.
При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја, нож, пари, мобилни телефони и други предмети, соопшти МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.