Црна хроника
Приведен гостиварец кој на бензиска пумпа плаќал со фалсификувани пари
Дваесетгодишнк од гостиварско Неготино синоќа бил приведен поради сомнение за фалсификувани пари.
Тој истата вечер околу 20:40 часот на бензинска пумпа на излезот од Гостивар при наплата употребил фалсификувана банкнота од 100 евра, а случајот во 21:55 часот во СВР Тетово го пријавил С.Р.(46) од Гостивар, велат од МВР.
Се работи на документирање на случајот, по што ќе следува соодветен поднесок.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Четворица скопјани пријавени за разбојништво – со сила и закана одзеле 188.600 денари и телефон
Полицијата поднесе кривична пријава против четири лица од Скопје – Б.Р. (25), Р.М. (49), Ш.М. (49) и В.Т. (27) – поради сомнение дека извршиле разбојништво, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, инцидентот се случил на 30 октомври 2025 година во Скопје, кога осомничените со употреба на физичка сила и закана со огнено оружје му одзеле на едно лице 188.600 денари и мобилен телефон.
Црна хроника
Во Скопје и Битола тешко повредени две жени додека поминувале улица како пешаци
Две жени се тешко повредени во две одделни сообраќајни несреќи што вчера се случиле во Скопје и Битола, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Првиот инцидент бил пријавен во СВР Скопје вчера утрото околу 07:10 часот. На крстосницата меѓу улицата „Филип Втори Македонски“ и сервисна улица, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски таблички, управувано од 62-годишниот С.М., удрило во пешакот М.К. (46) од Скопје. Жената со тешки телесни повреди била пренесена во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“. На местото бил извршен увид од екипа на СВР Скопје.
Вториот случај бил пријавен истата вечер во Битола, околу 20:05 часот. На улицата „Карпош“, патничко возило „опел“ со битолски регистарски ознаки, управувано од П.В. (30) од Битола, удрило во 62-годишната С.Ѓ. од Битола. Таа била пренесена во Клиничката болница Битола, каде што биле констатирани тешки телесни повреди. По наредба на јавен обвинител, увид извршила екипа на СВР Битола.
Црна хроника
Маж од Дојран приведен под сомнение за обљуба врз 25-годишна девојка
Полицијата во Гевгелија поднесе кривична пријава до обвинителството од овој град против И.С. (34) од Нов Дојран, кој се сомничи дека извршил обљуба врз 25-годишна девојка, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Според пријавата, настанот се случил на 20 ноември 2025 година во атар на село во општина Дојран.
Мажот бил приведен и изведен пред судија во Основниот суд во Гевгелија, кој му определил мерка притвор.

