Црна хроника
Приведен дилер во Тетово, пронајдена дрога

Полициски службеници на СВР Тетово, денеска, околу 18 часот, го лишиле од слобода 26-годишниот тетовец Б. Ш. затоа што при претрес извршен со судска наредба попладнево во неговиот дом и во помошни простории во Тетово, пронајдена му се три кеси со марихуана, дигитална вага и 43 зипер-кесички.
Тој е задржан во Полициската станица Тетово и по целосно расчистување на случајот, ќе му биде изготвен поднесок по член 215 од Кривичниот законик и ќе биде изведен пред судија во претходна постапка на Основниот суд Тетово.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Четворица повредени во сообраќајна несреќа на патот Скопје – Тетово

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила синоќа на регионалниот пат Скопје – Тетово меѓу „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М. П. (44) од с. Ласкарци, Скопско, и „сузуки свифт“, со косовски национални ознаки, управувано од М. З. (37) од с. Ласкарци.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. П., констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје, како и сопатничка во патничкото моторно возило „сузики свифт“, С. М. (31) од Швајцарија, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ Скопје.
Телесни повреди во несреќата добиле возачот на возилото „сузуки свифт“ и сопатничката Л. Ш. П. (29) од Швајцарија, констатирани во Градскатаопшта болница „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Загина пешак во Струшко по удар од автомобил

Педесет и четиригодишен стружанец почина кога го удрил автомобил синоќа на регионалниот пат во с. Враништа, Струшко.
Според информациите, „фолксваген пасат“, со струшки регистарски ознаки, управувано од А. Р. (18) од Струга, удрило во Н. П. (54) од Струга.
Во несреќата тешки телесни повреди добил пешакот и бил пренесен во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид, каде што подоцна починал. Увид на местото извршила екипа на ОВР Струга.
Црна хроника
164 сообраќајни прекршоци во Скопје

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (26.5.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 164 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 13 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 25 санкции за прекршоци што ги прават пешаците.
Изречени се 16 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, пет санкции за возење под дејство на алкохол, девет мерки за недавање првенство на минување пешаци, шест санкции за возач почетник…
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемат безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесат за посигурни патишта.