Црна хроника
Приведен дилер на хероин од Кичево
Четириесет и двегодишен Кичевец бил приведен кога кај него бил пронајден хероин, информираат од Министерството за внатрешни работи.
„Попладнево, околу 17 часот, по претходно добиени сознанија, полициски службеници од надворешната канцеларија за криминалистички работи во Кичево го приведоа Б. С. (42) од Кичево кај кого е пронајден хероин“, објаснуваат од Министерството.
Б. С. е приведен во Полициската станица Кичево и против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Четворица штипјани приредувале игри на среќа без лиценца
Единицата за финансиски истраги при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал на МВР во координација со истражителите од истражниот центар на Основното јавно обвинителство за ГОКК вчера (27.11.), поради постоење на основани сомненија за сторени кривични дела до ОЈО ГОКК поднесе кривична пријава против четири лица и тоа: Ф.Д. (41) и Е.Д. (43) од Штип за сторено кривично дела по член 156 став 3 од Законот за игри на среќа и за забавни игри а во врска со член 22 од КЗ, и по член 273 од КЗ („перење пари и други приноси од казниво дело“), како и против лицата Е.Д.(19) и Ф.Р (34) исто така од Штип, по член 273 став 4 во врска со став 1 и 2 од КЗ.
Во рамки на вчерашните активности на Единицата, во содејство со ОЈО ГОКК, беа преземени и заокружени сите неопходни оперативни мерки за целосно документирање на случајот, при што беа обезбедени бројни материјални докази, а извршени се и претреси кај осомничените, и притоа беа пронајдени и одземени златен накит, четири луксузни патнички моторни возила, пет моторцикли и еден четирицикл.
Прво и второосомничените како соизвршители во периодот од 01.01.2020 година па наваму заеднички и по претходен договор, спротивно на одредбите од Законот за игрите на среќа и за забавните игри, во нивната семејна куќа во Штип, недозволено, преку глобална интернет мрежа, организирале и приредувале интернет игри на среќа. Сопружниците Ф.Д. и Е.Д. откако обезбедиле средства и компјутерска опрема, ангажирале лица коишто првоосомничената ги обучувала за користење на платформа за опслужување на заинтересирани клиенти, а второосомничениот им давал совети и обезбедувал електронска опрема, телефонски мобилни уреди и СИМ картички за вработените со што дал особен придонес во незаконските дејствија. Со клиентите, кои морало да бидат турски државјани, комуницирале преку апликациите за контакт Skype и Whatsapp нудејќи им поволности за обложување и игри на среќа за што, според првичните сознанија, осомничените добивале одреден процент во криптовалути на “Електронски паричник“, сопственост на првоосомничената.
Со намера да го прикријат изворот на парите, нелегално остварените приходи што ги примале во криптовалути, потоа ги претварале во странска валута – долари или евра и ги пренесувале на “Електронски паричник“ сопственост на менувачница за размена на криптовалути.
Оттаму парите ги подигнувале во готовина, помал дел ги пуштале во промет трансферирајќи ги кон странски државјани со кои немале воспоставено должничко доверителски односи, а поголемиот дел ги внесувале во легални финансиски текови, ги уплаќале на своите денарски сметки и купувале движен и недвижен имот водејќи луксузен живот иако биле невработени, а дополнително и приматели на социјална помош.
Во прикривањето на изворот на парите учествувале и нивната ќерка и четвртопријавеното лице, така што примиле парични средства за кои биле должни и можеле да знаат дека се прибавени од казниво дело со приредување на игри на среќа преку глобална интернет мрежа, и ги пуштиле во оптек набавувајќи две патнички моторни возила.
Црна хроника
Ловни пушки и патрони пронајдени при претрес во Десово
Врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, вчера полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на М.У.(28) од с.Десово, Општина Долнени.
При претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка.
Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.
Црна хроника
Тешко повредена 22-годишна девојка од Гевгелија, во неа удри „тојота“
Вчера во 22.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, патничко возило „тојота ајго“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Р.(27) од Скопје, удрило во Б.М.(22) од Гевгелија.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Б.М., констатирани во Градската општа болница „8 Септември“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.