Црна хроника
Приведен дилер од Штип, при претрес пронајдена дрога

Триесет и четиригодишен штипјанец е приведен поради дрога.
„Денеска, од страна на полициски службеници од СВР Штип лишен е од слобода М. Д. (34) од Штип. Имено, по претходно обезбедена наредба од Основниот суд Штип, извршен е претрес во дом и помошни простории кај М. Д., при што е пронајдена марихуана“, велат од МВР.
Лицето е приведено во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Уапсен скопјанец кој превезувал мигранти од Сирија и Конго, полицијата го запрела но тој побегнал

Денеска на крстосницата кај с.Водоврати, општина Градско, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Р.М.(21) од Скопје, затоа што со возило „aуди“ со бугарски национални ознаки превезувал 10 лица мигранти (шест од Сирија и четири од Конго).
Имено, околу 08.00 на автопатот Неготино – Велес Р.М. не застанал на даден знак за сопирање од полициски службеници, но набргу, кај клучка Градско, возилото било забележано како се упатува по регионалниот пат, по што на крстосницата кај с.Водоврати било запрено, а лицето приведено.
Р.М. бил задржан во полициска станица, а мигрантите бил спроведени во прифатно-транзитен центар.
За случајот бил известен Јавен обвинител и по неговото документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Приведени скопјанка и штипјанец поради сомнение за нелегален ископ на предмети од културно наследство

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции ги лишиле од слобода 52-годишната Н. Л. С. од Скопје и М. Н. (41) од Штип.
На автопатот Скопје – Штип, кај клучката Југ – Свети Николе, при преглед на патничко возило „пежо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Н. Л. С., во кое сопатник бил М. Н., биле пронајдени и одземени повеќе парчиња стари монети и други предмети за кои постои сомнение дека се предмети од културно наследство, како и два детектора за злато и неколку копачи.
Лицата биле задржани во полициска станица и во службен разговор изјавиле дека ископот го вршеле на локација кај с. Стањевце, Светиниколско. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Изгубил контрола и паднал: 34-годишен мотоциклист тешко повреден во сообраќајна незгода во Радовишко

Во текот на вчерашниот ден, во 17 часот, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека на регионален пат Р 1310 во село Раклиш, С. С. (34) од село Раклиш, управувајќи мотоцикл „хамачи“, со радовишки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил С. С.., констатирани во Медицинскиот центар во Штип. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Радовиш.