Црна хроника
Приведен крадец во Кочани, украденото вратено на сопственикот
Вчера, околу 15 часот, 47-годишна жена во Кочани била нападната по што ѝ биле украдени мобилниот телефон и платежната картичка, известуваат од МВР.
Полициските службеници од Кочани од слобода го лишиле Е. М. (32) од Кочани затоа што околу 15.20 часот, во домот на 47-годишна жена нa улицата Поп Арсов Блаже во Кочани, со употреба на физичка сила, ѝ одзел мобилен телефон и платежна картичка.
Полициски службеници, врз основа на судска наредба, извршиле претрес во домот на Е. М., при што биле пронајдени и одземени украдените предмети.
По целосно документирање на случајот, против Е. М. ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од Министерството за внатрешни работи.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тешка кражба во продажен објект во Струга
Во Струга, вчера во 13:55 часот на улицата „Ѓорѓи Ѓоргон“, полициски службеници го лишија од слобода е Х.Ќ.(29) од Струга.
Тој се сомничи поради сомнение дека извршил тешка кражба во продажен објект во Струга.
При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, беа пронајдени и одземени повеќе разновидни производи кои се вратени на сопственикот и по целосно документирање на настанот против сторителот, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.
Црна хроника
Подолго време и се заканувал на 38-годишна жена: уапсен охриѓанец
Полициски службеници од СВР Охрид вчера во 14:40 часот на булеварот „Македонски просветители“ го лишија од слобода Г.А.(49) од Охрид.
Полицијата како што е соопштено постапила по претходна пријава дека тој подолг период агресивно се однесувал и упатувал закани на 38-годишна жена од Охрид.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Топ
Почината жена пронајдена во стан во Струга
Вчера во 17:50 часот во ОВР Струга е пријавено дека во стан во Струга е пронајдена почината А.М.(57) од кичевското село Зајас.
Лекар од Итната медицинска помош од Струга констатирал смрт без видливи траги на насилство.
По наредба на јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција, соопшти полицијата.

