Црна хроника
Приведен крадец од Скопје, украденото ќе биде вратено на сопственикот

Утрово во 01.50 часот во кругот на студенски дом на подрачјето на Гази Баба е лишен од слобода Е.Б.(41) од Скопје.
Тој се сомничи дека околу 01.30 часот извршил тешка кражба од бензинска пумпа на истото подрачје, оштетувајќи го стаклото од влезната врата, при што одзел повеќе прозводи.
По преземени мерки и активности од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба, сторителот бил пронајден, а кај него биле најдени и одземени украдените производи, кои ќе бидат вратени на сопственикот.
Лицето е приведено во полициска станица и по насоки на дежурен Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје, по комплетирање на службениот материјал, против Е.Б. ќе биде поднесена кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Потрага по 27-годишен работник, кој паднал во канал за наводнување во кочанско

Се трага по лице кое паднало во канал за наводнување во село Тркање, додека работел на објект.
Според информациите од МВР, вчера во 17,10 часот во Полициска станица Кочани, С.К. (36) од Скопје пријавил дека Р.А.(27) од Кавадарци, кој извршувал работни задачи на објект, најверојатно паднал во канал за наводнување, кој се наоѓал во близина.
Полициски службеници излегле на местото на настанот и во координација со ТППЕ на Кочани преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. За настанот е запознат јавен обвинител.
Црна хроника
Инцидент во Чаир: Нападнати полицајци од група луѓе, имало и пукање

На 23.05.2022 е пријавено дека околу 19.45 часот полициски службеник од ЕВР Чаир во близина на ресторан на ул. „М.К. бригада“ во Скопје запрел возило „митцубиши“ кое имало вклучено т.н. флешери. Возачот почнал агресивно да се однесува, а за кратко време на местото на настанот пристигнал и М.Љ. со уште неколку лица, при што физички го нападнал полицискиот службеник.
На местото на настанот пристигнале и други полициски службеници, кои биле нападнати од групата. М.Љ. испукал од пиштол во воздух, но бил совладан од полициските службеници и пиштолот му бил одземен, а од пукањето нема повредени лица.
Потоа дошле и други лица, меѓу кои и полициски службеници, по што М.Љ. се дал во бегство. За М.Љ. бил распишан централен распис, но тој во текот на денешниот ден сам се пријавил во полициска станица. Известен е јавен обвинител и Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, обезбеден е пиштолот и видео снимки од настанот и се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следуваат соодветни поднесоци.
Топ
Од водите на Вардар извлечен маж и итно пренесен во болница

Mеѓу зградата на МРТ и Железничкиот мост од водите на реката Вардар во Скопје бил изваден маж од Скопје, кој бил во контактибилна состојба.
Како што информираат од МВР, се работи за К.В.(55), кој е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Се работи на расчистување на случајот.