Црна хроника
Приведен кумановец-превезувал мигранти од Куба

Синоќа во 22,00 часот на наплатна рампа Смоквица од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица бил лишен од слобода Б.Б.(50) од Куманово, затоа што при контрола на патничко моторно возило “пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки биле пронајдени четири лица-мигранти од Куба.
Тие биле пренесени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот против Б.Б. ќе биде поднесена соодветен поднесок, информираа надлежните.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Скопска Зоолошка градина: Вработениот е пуштен на домашно лекување, закрепнува одлично

Работникот кој вчера се повреди во Зоолошката градина во Скопје е во стабилна здравствена состојба и е пуштен на домашно лекување. Тој закрепунува и е во добра состојба.
„Нашиот вработен, веднаш по укажаната комплетна лекарска помош, е стабилизиран и пуштен уште истиот ден на домашно лекување. Во постојаниот контакт со него, но и од разговор со лекарите, тој се чувствува добро и закрепнува одлично. Случајот, од наша страна веднаш е пријавен во трудов инспекторат“, изјавија надлежните во Зоолошката градина за „Макфакс“.
Според билтенот на Министерството за внатрешни работи, вчера околу 11:20 часот, во надлежната полициска станица, по службена должност е пријавено дека лицето В.Г. (46) од Скопје е донесен во Клиничкиот центар со повреди при пад на работно место.
Црна хроника
Ограбена обложувалница во Аеродром

Вчера вечер во 22.46 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница во близина на трговски центар на подрачјето на Аеродром две лица од вработената одзеле пари, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Струмичанка на забава со употреба на сила овозможила двајца да силуваат малолетничка

На 31.03.2023 полициски службеници од СВР Струмица ја лишиле од слобода С.П.(21) од струмичко, информираат од министерството за внатрешни работи.
Според полицијата, таа се сомничи дека на забава во јануари 2023, со употреба на сила врз малолетничка овозможила да биде извршена обљуба од страна на двајца малолетници од струмичко.
За случајот е запознаен Јавен обвинител од ОЈО Струмица и со соодветен поднесок трите лица се денеска изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.