Црна хроника
Приведен 15-годишник од Кавадарци, кај него пронајдени осум велосипеди
Вчера попладне, во 14 часот, во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци лишиле од слобода 15-годишен малолетник од Кавадарци, извести МВР.
„При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени осум велосипеди, кои не се од ист бренд, а за кои постои сомнение дека потекнуваат од кражби извршени во периодот од 28.6. до 4.9.2023, соопшти МВР.
Лицето било задржано во полициска станица, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
