Топ
Притвореник побарал лекарска помош и починал во ќелија во затворот во Шутка

Притвореник од Долно Коњари вчера починал во КПУ Затвор Скопје, информираат од полицијата.
-На 30.08.2025 околу 15:30 часот во СВР Скопје од страна на вработен во КПУ Затвор Скопје е пријавено дека М.П. (54) од Д. Коњари, кој бил во притвор, побарал лекарска помош. Од страна на доктор од Итна медицинска помош во 15:58 часот била констатирана смрт, без траги на насилство, се наведува во соопштението од полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
(Видео) Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј

Автомобил се забил во рускиот конзулат во Сиднеј, а едно лице поврзано со судирот е уапсено, објави утрово австралискиот телевизиски канал „Скај њуз“.
A man has allegedly driven an SUV through the gates of Sydney’s Russian Consulate in Woollahra, with a police constable injured in the altercation and residents describing a sizeable police operation. Here's more: https://t.co/FFSE4uhpy7 pic.twitter.com/SdflMfXFKD
— The Australian (@australian) September 1, 2025
Телевизиските снимки покажаа напуштен автомобил со еден скршен прозорец покрај руски јарбол во она што локалните медиуми го објавија како руски конзулат во предградието Вулахра во Сиднеј, пренесуваат медиумите.
Портпаролот на полицијата изјави дека едно лице е уапсено во врска со судирот.
фото: принтскрин
Македонија
Пожарот во Вардариште е под контрола, дел по дел Скопје добива струја

Пожарот во депонијата Вардариште е ставен под целосна контрола, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.
Поради големиот пожар повеќе населби во Скопје беа без електрична енергија, а од ДЗС информираат дека набргу дел по дел, ќе биде пуштена електричната енергија.
Македонија
Вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, осум изгаснати, а еден под контрола

Заклучно со 18:00 часот, на територијата на државава има вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои три се активни, еден е под контрола, а осум се изгаснати.
Активни се пожарите во Општина Македонски Брод во Повеќенаменското подрачје Јасен каде гори мешана шума, во Општина Кавадарци кај селото Фариш каде повторно е потпалена ниска вегетација и во Општина Гази Баба кај поранешната депонија Вардариште каде гори ѓубриште, инфорира Центарот за управување со кризи.
Под контрола е приземен пожар на планината Кожуф во Општина Гевгелија, а изгаснати се пожарите во Општина Долнени кај село Долгаец (мешана шума), Општина Делчево кај Градската депонија (ѓубриште), Општина Куманово кај филтер станицата (ниска вегетација), Општина Центар на Кеј 13 Ноември (ѓубре), Општина Илинден кај село Миладиновци (ниска вегетација) и кај Индустриска зона Бунарџик (ниска вегетација и патничко возило), Општина Ѓорче Петров покрај Лепенец (ѓубре) и Општина Сарај кај езеро Треска (ѓубриште).